Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и Македонското етнолошко друштво а со учество и на Дирекцијата за култура на градот Софија, на 4 мај во 18:00 часот во просториите на КИЦ се одржа Вечер посветена на македонски етнолошки филмови и нивна проекција. На отварањето за самиот проект, авторите и нивните филмови пригодна реч одржа проф. д-р Зоранчо Малинов, претседател на Македонското етнолошко друштво. КИЦ на Р.Македонија со овој проект учествува заедно со странските културно-информативни центри во Софија и Дирекцијата за култура на градот Софија кон одбележувањето на 9 мај – Денот на Европа.

Проектот, се состои од презентирање на четири репрезентативни етнолошки филмови од македонски автори, како и на два пократки филма со кои се заокружува едновековното документирање на етнолошки материјали на филмска лента од просторот на Р Македонија.
Како вовед во проекцијата на македонските етнолошки филмови послужи краткиот филм (1 мин.), снимен од Милтон Манаки со наслов: “Училишен час на отворено“, снимен во првата деценија од XX век. Потоа беа прикажани четирите филма: “Таму некаде, горе во планината” (15 мин.) на Анита Ѓорѓиеска, “Писање на невестата” (15 мин.) на Владимир Јаневски, “Единство на етно-диверзитетот” (23 мин.) на Рубин Земон и “Бабарот што враќа кусур” (9 мин) на Владимир Боцев. На крајот следи краткиот филм (1 мин.) на Наде Геневска-Брачиќ, кустос во битолскиот музеј, со наслов: “Носијата во Битола во 1900 и 2007 година”, во кој на сликовит начин се претставени облеките во Битола пред еден век, во времето на Манаки и денес, во првата деценија од XXI век.
Самите автори на понудените етнолошки филмови се еминентни македонски етнолози кои имаат снимено по неколку филмови и имаат добиено неколку врвни награди на разни меѓународни фестивали на етнолошки филмови.

   
   
                                                                                      Од настанот

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија