Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
08:30-16:30 часот

Повелете,
посетете не!


 

Реализирани настани– 2013 година

-На 14 Декември, во рамките на 41 Саем на книгата во Софија, се одржа првиот Фестивал "Литературата не признава граници". Специјален гостин на Фестивалот беше добитникот на Европската награда за литература за 2010 година, македонскиот писател Гоце Смилевски. Авторот на романите "Разговор со Спиноза", и "Сестрата на Зигмунд Фројд" кои се преведени и издадени и во Р.Бугарија, имаше двочасовно претставување пред бројната публика на Саемот, одговарајќи на бројни прашања и потпишувајќи примероци од бугарското издание на својот последен роман.

1   1
1   1

- Фотографска изложба "Половина век сеќавање-засекогаш "

На 12 Декември, во Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија беше отворена фотографската изложба "Половина век сеќавање-засекогаш ", во спомен на 50 години од катастрофалниот скопски земјотрес.

Томислав Петернек е автор на фотографиите снимени во Скопје, непосредно по земјотресот од 26 јули 1963 година.

Највпечатливите 22 антологиски фотографии се изложени во Софија, благодарејќи на соработката помеѓу Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија и Македонскиот Центар за фотографија, а проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.

1   1
1   1

Изложбата ја отворија директорите на центрите, Васко Шутаров и Роберт Јанкулоски а покрај бројните посетители на нашиот центар во Софија присуствуваа претставници од македонската амбасада во Софија, Амбасадорот на Кралството Холандија во Софија, како и аташето за култура на хрвтската амбасада во Софија.

1   1

- "Буре барут"

Со две претстави во 16 и 18,30 часот на 10 декември во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија се претставија македонски и бугарски студенти во претставата "Буре барут" според драмскиот текст од Дејан Дуковски. Режијата беше на младата режисерка Ана Батева, а во претставата играа македонски и бугарски студенти по глума и музика од НБУ и НАТФИЗ, Сара Мејс, Тодор Боров, Ива Христовска, Коле Китанов, Стефан Здравески, Емануил Костадинов, Катерина Златарова, Јана Грозданова, Красимир Спиридонов, Александар Бахнов.

Заради големиот интерес кај публиката, претставата ќе се игра и во јануари 2014 година.

Проектот беше во реализација на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија и со поддршка од нашето Министерство за култура.

1   1
1   1

-На 28 Ноември, во Sofia live club, свој настан имаше Влатко Стефановски, во придружба на Џоле Максимовски (бас) и Дино Милосављевиќ (тапани). Триото Влатко Стефановски пред бројната публика во еден од најдобрите бугарски клубови за жива музика, претстави дел од новот материјал од албумот "Seir" , а во двочасовната програма проследена со серија од стоечки овации и бисови, можеа да се слушнат серија од хитови од сите изминати години на легендарниот македонски музичар.

1   

- Промоција на стихозбирката "Раѓањето на зборот"

На 27 Ноември, во рамките на чествувањето 90 години од раѓањето на големиот македонски поет Ацо Шопов, во Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија беше промовирана стихозбирката "Раѓањето на зборот". Препевот на бугарски јазик и илустрациите во книгата се дело на Роман Кисјов, а книгата е печатена во книгоиздателството Авангард-принт од Русе, Р. Бугарија. На промоцијата на стихозбирката зборуваа сопругата на поетот, г-ѓа Светлана Шопова, неговата ќерка г-ѓа Јасмина Шопова, директорот на КИЦ на Р. Македонија, г-дин Васко Шутаров, преведувачот Роман Кисјов и книгоиздателот Николај Гиндјанов.

1   1
1   1

- Изложба Праисториските дами од Македонија

На 7 Ноемврибеше отворена археолошката изложба "Праисториските дами од Македонија". Беа изложени 94 фигури на жени, од периодот на неолитот и енеолитот, пронајдени на бројни наоѓалишта на територијата на Р. Македонија. Автор на изложбата е Ирена Колиштркоска Настева, која заедно со директорот на Центарот м-р Васко Шутаров ја отворија изложбата.

1   1
1   1

Оваа несекојдневна археолошка изложба досега е претставена во поголемите градови во Р.Македонија, во Р.Хрватска, Црна Гора, САД и Англија.

1   1

1   1

- Изложба на Милош Коџоман II

На 17 Октомври, пред претставници на дипломатскиот кор, претставници од Министерството за култура на Р. Бугарија, бројни ликовни уметници и почитувачи на ликовната уметност, во македонскиот културен центар беше отворена првата самостојна изложба на Милош Коџоман во Софија. Познатиот македонски уметник, добитник на наградата "23 Октомври" за 2008 година, во Софија се претстави со 20 дела, од кои најголем дел од циклусот "Македонија во мислите".

1   1
1   1

Изложбата ја отворија директорот на македонскиот КИЦ во Софија Васко Шутаров и Зоран Читкушев, директор на Заводот за заштита на споменици на културата и музеј-Штип. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија.

1   1

1   1

- Изложба МОМИ

На 3 Октомври, во соработка со Музејот за современа уметност во Скопје, во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија се отвори изложбата "Моми-Множество, Божество, Рождество", на која низ сопствена уметничка призма се претставија седум млади ликовни уметници од Македонија.

1   1
1   1
Ана Ивановска, Христина Зафировска, Зорица Зафировска, МАја Кировска, Татјана Ристоска, МАрија Сотировска и Христина Хаџиева се дел од овој проект чиј куратор е Ива ПЕтрова-Димовски.

Изложбата ја отворија директорите на двете институции, Елиза Шулевска и Васко Шутаров

1   1

1   1

- "Трансформација" од Жарко Башески

На 26 септември, во галеријата "Париз-Москва" беше отворена изложбата "Трансформација" од македонскиот скулптор Жарко Башески.

Скулптурот Башески е учесник на бројни самостојни изложби во Р.Македонија и неколку значајни меѓународни претставувања во Париз, Њујорк, Бари, Малта. Тој беше македонски претставник на 54 Биенале во Венеција во 2011 г.

Жарко Башески пред публиката во Софија се претстави со три свои скулптури, од кои скулптурата Езекил 2, за прв пат беше јавно претставена. Изложбата ја отворија директорот на КИЦ на Р Македонија Васко Шутаров и уметничките директори на галеријата, Момчило Трајков и Јулија Савова.

1   1
1   1
Изложбата на скулптури на ЖАрко Башески е реализирана во соработка со Музејот на современа уметност о Скопје и со поддршка од Министерството за култура на Р.Македонија.

1   1

1   1

- Самостојна изложба на Афердита Кики

На 5 септември, во галеријата на Културно-информативниот Центар , беше отворена изложбата "Есен" од уметницата Афердита Кики. На изложбата беа претставени асамблажи и колажи од најновиот опус на Афердита Кики.

Изложбата ја отворија директорот на Центарот Васко Шутаров, директорката на Националната галерија на Мaкедонија, Халиде Палоши и кустосот на изложбата Љупчо Маленков.

1   1
1   1
Афердита Кики живее и твори во Скопје, има изложувано на бројни изложби во Р. Македонија и во Париз и Њујорк. Првото претставување на Афердита Кики во Софија беше поддржано од Министерството за култура на Р.Македонија.

1   1

- Самостојна изложба на Станко Ѓорѓиев

На 16 јули, во Културно-информативниот Центар на Р. МАкедонија во Софија, беше отворена самостојна изложба на македонскиот сликар Станко Ѓорѓиев. Изложбата се организира во соработка со Националната галерија на Македонија и со поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија.

Станко Ѓорѓиев дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Петар Мазев, член е на ДЛУМ од 1984 г, учесник на бројни самостојни изложби и преку 80 групни изложби во Р.Македонија и надвор од државата. Добитник е на значајни ликовни награди во Скопје и Тузла.

1   1
1   1
1   1

Во Софија ликовниот уметник Ѓорѓиев се претстави со 16 дела, од неговиот нанов творечки опус. Изложбата ја отворија директорот на Центарот Васко Шутаров, директорката на Националната галерија на Македонија, Халиде Палоши и кустосот на изложбата Љупчо Маленков.

1   1

- Блескава поетска вечер на Радован Павловски во Софија

На 14 јуни, салонот на македонскиот културно-информативен центар во Софија беше претесен да ги прими почитувачите на поезијата на големиот македонски поет Радован Павловски. На своето прво гостување во главниот град на Бугарија, академик Павловски беше претставен со интерпретација на негови стихови од анталогиските песни, преведени на бугарски јазик од поетот Роман Кисјов. Големиот литературен опус на Радован Павловски беше претставен од директорот на македонскиот центар Васко Шутаров и поетот Бранко Цветковски. Стиховите што во своја интерпретација ги говореше академик Павловски, измамија силни и долги аплаузи.

1   1
1   1

За музичкиот дел од портретот на големиот поет, се погрижија Сара Костадинова на харфа и Ива Христова на гитара, а стихови од поетот интерпретираше актерот Иван Калошев.

Проектот за литературно претставување на Радован Павловски во Софија беше остварен во соработка на КИЦ на Р.Македонија во Софија и ИД Макавеј-Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Р.Македонија.

1   1

- Самостојна изложба на Бајрам Џелили

На 12 јуни беше отворена изложба на графики од Бајрам Џелили. Уметникот Џелили своето ликовно образование најпрво го формира на Факултетот за ликовни графифки во Сараево-Отсек графика, во класата на проф. Џ. Хозо. Во 2010 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во областа графика. Има остварено бројни самостојни изложби (Париз, Њујорк, Скопје) како и учества на бројни групни изложби (Кјото, Краков, Приштина, Сараево).

1   1
1   1

Изложбата на Бајрам Џелили ја отвори директорот на Културно-информативниот центар м-р Васко Шутаров а изложбата е подржана од Министерството за култура на Р.Македонија.

 

1   1
1   1

- Книжевен портрет на Венко Андоновски

Словото и настапот на проф.др Венко Андоновски на Факултетот за словенски филологии на Софискиот Универзитет, заврши со големи аплаузи од присутните посетители. Бројни професори и студенти, писатели, литературни критичари и почитувачи на големиот македонски писател, бе дел од претставувањето на книжевниот портрет на Венко Андоновски, на кое свое учество имаа проф. др. Панајот Караѓозов-декан на Факултетот за словенски филологии, Васко Шутаров-директор на КИЦ на Р. Македонија во Софија и театарскиот режисер Владлен Александров. Фрагменти од "Папокот на светот" и "Бунтот во домот за старци" читаа актерите Албена Колева и Стојан Алексиев а во музичкиот дел од програмата настапи македонската харфистка Сара Костадиновска.

Венко Андоновски во своето обраќање се осврна на македонската и балканските литератури во рамките на современите литературни текови, зборувајќи низ сопствениот творечки опус за тенденциите, подемите и пробоите на литературите и на Р. МАкедонија и останатите балкански литератури.

Венко Андоновски имаше работна средба со колеги професори од Факултетот за словенски филологии, како и средби со големите бугарски писатели, Љубомир Левчев и Георги Господинов.

1   1
1   1

-Голем успех на гостувањето во Бугарија на Влада Урошевиќ

Пред преполна сала на книжарата Хеликон, пред бројни претставници од културниот и литературен живот на Софија и редица почитувачи на неговиот литературен опус, кои во редици чекаа за потпис од авторот на стихозбирката "Митологија на сонот", заврши промоцијата на второто дело издадено на бугарски јазик, на академик Влада Урошевиќ.

Творечкиот опус на академик Урошевиќ пред публиката во Софија го претставија, лауреатот на Струшките вечери на поезијата Љубомир Левчев, литературниот критичар Јордан Ефтимов, преведувачот на стихозбирката Роман Кисјов и директорот на македонскиот КИЦ во Софија, Васко Шутаров.

1   1
1   1
1   1
Македонскиот писател, само неколку дена пред своето претставување во Софија, гостуваше на меѓународниот поетски фестивал "Славјанска прегратка" во Варна, каде стана добитник на главната награда "Златно летечко перо", за својот севкупен литературен опус.

- поклонување на книги

На 23 мај, Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, поклони 100 книги од македонската литература на Библиотеката на Софискиот Универзитет. Директорот на Центарот, м-р Васко Шутаров, книгите ги врачи на директорката на Библиотеката на С.У. г-ѓа Ана Ангелова. Беше изразено взаемното задоволство од соработката меѓу двете институции.

1   1
1   1
На чинот на донирањето книги, присуствуваше и г-ѓа Николина Севданова-Орош, мајка на професор Константин Оруш, познат и признат предавач на македонска литература на Факултетот за словенски филологии на Софискиот Универзитет.

- Меѓународен филмски фестивал - Денови на наследството

На 17 мај, во Американскиот Центар на Општинската библиотека во Софија, беше отворен Меѓународен фестивал на културното наследство, во партнерство на меѓународната фондација "Професор Петар Детев" и Амбасадата на Шпанија во Софија, Полскиот институт, Унгарскиот културен институт - Балаши, Италијанскиот институт, Институтот Адам Мицкијевич и Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија.

1   1
1   1
Во конкуренција од 40 филмови со тема од културното наследство, Фестивалот беше отворен со македонскиот филм на Елизабета Конеска "Мир за сите", со универзална порака за културниот и верски соживот.
Македонскиот филм пред публиката на фестивалот, го најави и претстави директорот на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, м-р Васко Шутаров.

- изложба "АНАЛОГНИ АСОЦИЈАЦИИ"

На 16 мај, во 18:30 часот во Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, беше отворена изложбата "Аналогни асоцијации" од уметниците Мирјана Крстева Масети од Гевгелија (Р.Македонија), Христина Георгиева и Теодора Петева од Севлиево (Р.Бугарија).
Излжбата ја отвори директорот на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, м-р Васко Шутаров а проектот беше поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија.

   
   
Трите уметници изложуваа дела од областите во кои имаат специјализирано, цртеж, графика и скулптура од порцелан. Сите три имаат остварено бројни самостојни и групни изложби и во своите држави, но и во галерии низ Европа и САД.
Градовите Гевгелија и Севлиево од каде што доаѓаат трите уметници, се збратимени градови.

   
   

- литературна ноќ во Софија

На 15 мај, во Софија и во десетина други градови во Р.Бугарија, беше организирана "Литературна ноќ", како дел од европскиот културен проект "Европска ноќ на литературата", на која Културно-информативниот Центар во арт-клубот Дада, се престави со фрагменти од стихозбирката "Митологија на сонот" од академик Влада Урошевиќ. Стихови интерпретираше актерот Иван Калошев со музичка поддршка на харфа со Сара Костадиновска и гитара со Ива Христовска.

   
   
Културно-информативниот Центар на Р.Македонија беше дел од организацијата на овој голем литературен настан, на кој свое учество имаа Чешкиот Центар, Полскиот Институт, Британаскиот Совет, Гете институтот и Амбасадата на Австрија во Софија, Рускиот културно-информативен Центар, Францускиот Институт и Европската комисија во Софија.

- книжевен портрет на Михаил Ренџов

На 26 април, со почеток во 18:30 часот, во организација на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, во соработка со ИД "Макавеј" од Скопје, се одржа претставување на книжевниот портрет на големиот македонски литературен творец Михаил Ренџов.
Промотори на делото на Михаил Ренџов беа македонскиот поет и литерурен критичар Бранко Цветскоски и бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов. Стихови интерпретираше актерот Иван Калошев во гитара придружба од Ива Христовска.
Настанот го отвори директорот на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, м-р Васко Шутаров.

1   1
1   1
Авторот има издадено преку дваесетина книги поезија, книги со поезија за деца и раскази. Преведуван на бројни светски јазици и добитник на сите позначајни литературни награди во Р.Македонија и значајни меѓународни литературни признанија. Портретот на Михаил Ренџов во Софија е проект поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија.

- изложба "ВАРИЈАЦИИ" на Иво Пецов

На 18 април Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија ја организираше изложбата "Варијации" од ликовниот уметник Иво Пецов.
Изложбата ја отвори директорот м-р Васко Шутаров и истата беше поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија.

   
   
Иво Пецов е од Виница, Р.Македонија, а своето ликовно образование го стекнува најнапред во средното уметничко училиште "Лазар Личеноски" во Скопје, дипломира на Националната ликовна академија во Софија, магистрира графика и докторира на тема ѕидно сликарство. Има организирано бројни самостојни изложби во Македонија, Бугарија и Португалија. Изложбата "Варијации" е негово прво претставување во Културно-информатвниот Центар на Р.Македонија во Софија.

   
   

- етно џез концерт

На 11 април, во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија во Лилавиот салон на Чешкиот центар се одржа етно-џез концерт со еминентните музичари: Илчо Јованов (хармоника), Тони Китановски (гитара), Дине Донев (бас) и Александар Секуловски (тапани). Концертот е реализиран во партнерство со Чешкиот центар и поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија. Настанот го поздравија и отворија директорите на двата центра, г-ѓа Катерина Хуртаева и г-н Васко Шутаров.

   
   
На концертот беа изведени обработки на традиционални македонски песни, како и современи џез композиции.

- книжевен портрет на поетот Јовица Тасевски - Етернијан

На 28 март во Софија се одржа книжевен портрет посветен на поетското творештво на Јовица Тасевски - Етернијан.
Настанот беше во организација на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Бугарија и Издавачката куќа "Макавеј“ од Скопје. Поезијата на Етернијан ја претставија македонскиот поет и критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот поет Петар Караангов. Стихови од Етернијан интерпретираа актерот Иван Калошев, во придружба на гитара од Ива Христовска. Настанот поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, го отвори директорот на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров.

   
   
На книжевната средба истовремено беше промовирана книгата со избрани песни на Јовица Тасевски - Етернијан, што излезе од печат под насловот "Синтаксис на светлината“, како заедничко издание на реномираната издавачка куќа "Бугарски писател“ од Софија и "Макавеј“ од Скопје. Препевот на поезијата на Етернијан на бугарски јазик го направи еминентниот бугарски поет Петар Караангов, на кого во Македонија му беа доделени наградите "Книжевен жезол“ и "Почесно Рациново признание“.

- изложба на фотографии "09:00-17:00" на Елена Героска

Синоќа (14 март), во Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, беше отворена фото-изложбата "09:00-17:00" од младата уметничка по фотографија Елена Героска. Елена Героска пред публиката во Софија, ја претстави директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров.

   
   
Изложбата наиде на одличен прием и пред публиката во КИЦ на Р. Македонија во Софија и во списанијата за култура и уметност во Р.Бугарија. Истоимената изложба, овој месец во рамките на проектот "Македонски фото-клуб" беше претставена и во Дрезден, Германија.

   
   

- потпишување на Договор за соработка

Во просториите на Сојузот на бугарските писатели, на 4 март (понеделник), Друштвото на писателите на Македонија и Сојузот на бугарските писатели потпишаа Договор за соработка.
Договорот предвидува соработка меѓу литературните манифестации во Р. Македонија и Р. Бугарија, како и интензивирање на преведувањето на литературни дела.
Со документот исто така, се планира учество на писателите од двете земји на литературни конференции и симпозиуми, како и размена на тематски броеви од доменот на периодиката.
Договорот го потпишаа претседателот на Друштвото на писателите на Македонија г-н Раде Силјан и претседателот на Сојузот на бугарските писатели, г-н Николај Петев.

- промоција на драма од Плевнеш во Народниот театар “Иван Вазов” во Софија

Во Свечената сала на Народниот театар “Иван Вазов” во Софија, во недела, на 24 февруари, со почеток во 17:00 часот се одржa промоција на бугарското издание на драмата “Р” од Јордан Плевнеш, во превод од македонски на бугарски јазик на Ганчо Савов, а во издание на софиската издавачка куќа Балканика. На свеченоста пригодна реч одржa Претседателот на Балканика, Николај Стојанов, а извадоци од драмата читаа првенци на Народниот театар "Иван Вазов" и со пригодна реч на големото режисерско име Александар Морфов. На промоцијата во свечената сала на театарот "Иван Вазов" беа присутни бројни видни личности од театарскиот и културниот живот на Р. Бугарија.

   

Драмата “Р” беше изведена во Народниот театар “Иван Вазов” во октомври 1992 година, во режија на Љубиша Георгиевски, и тоа беше прво дело на македонски автор на сцената на Народниот театар во Софија, по прогласувањето на македонската независност. Драмата "Р" е поставена на 20 светски театарски сцени, со бројни рецензии меѓу кои и од "Њујорк тајмс" и "Гардиан".

- средба "Вевчански видувања"

На 21 февруари 2013 година, во просториите на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија беше организирана средба "Вевчански видувања", на која за значењето на Вевчани и ликовата колонија "Вевчански видувања" зборуваа академик Глигор Чемерски и доајенот на македонското новинарство, вевчанецот Мишо Китановски.

   

- мини-концерт на класична гитара на Македонка Ичева во Интер Експо Центар - Софиja

На 14 февруари, во рамките на 30 Саем за туризам, Софија-2013, во организација на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, на штандот на Р.Македонија со свој мини-концерт се претстави Македонка Ичева.

   
   
Со својот инструмент-гитарата и со својот прекрасен глас, Македонка Ичева исполни десетина прекрасни староградски македонски песни, како и обработка на познати евергрини од македонската забавна музика.

- концерт на класична гитара на Македонка Ичева

На 13 февруари, во просториите на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, со свој целовечерен концерт на класична гитара се претстави Македонка Ичева. На програмата беа изведени дела од Бах и Пјацола, како и неколку евергрин мелодии и одбрани традиционални македонски песни.

   
   
Македонка Ичева е апсолвент на Музичката Академија - отсек гитара, во Скопје, кантавтор и автор на неколку збирки поезија. Добитник на награда на Фестивалот на авторски песни, што во 2012 година беше организиран во "Н.Хајтов", Софија.

 

 


 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија