Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
08:30-16:30 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Реализирани настани- 2015 година

-На 19 и 20 декември во Сатиричниот театар "Алеко Константинов", гостуваше македонскиот театар "Комедија". На репертоарот беа претставите "Име" и "Лисистрата". Првото гостување на овој наш театар во главниот град на Р. Бугарија предизвика голем интерес кај театарската публика и медиумите кои ја следат културната и театарската сцена.

1   1

1   1

-На 10 и 11 декември, во Софија беше одржан меѓународен симпозиум со наслов "Културата и одржливиот развој", како регионален проект за перспективите на соработка на полето на културата меѓу земјите од Југоисточна Европа и земјите од Црноморскиот регион. Министерството за култура на Р. Бугарија беше домаќин на симпозиумот, на кој свое учество имаа освен домаќинот и претставници од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Грузија, Молдова, Косово и нашата земја која ја претставуваа Васко Шутаров, директор на нашиот Културно-информативен Центар во Софија и Кристина Бицева, советник во Управата за заштита на културното наследство.

-Од 7- 13 декември се одржа Софиски меѓународен саем на книгата, на кој со свој македонски штанд се представи и Р. Мaкедонија, преку книгоиздателството "Македонска литера". На 8 декември беше одржана промоција на делата "Сплаварот на Вардар" и "Вишновата градина" од македонските автори Владимир Плавевски и Фросина Пармаковска, во издание на бугарското книгоиздателство "Персеј".

На 9 декември на македонскиот штанд во НДК , беа претставени делата "Збркана сказна" од Киро Донев, "Посмртна венчавка" од Паскал Гилевски и "Ѕвездениот корен" од Анте Поповски, во издание на бугарските книгоиздателства Мултипринт, Персеј и Ерго.

1   1

1   1

-На 3 декември, во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија беше отворена изложбата "Современа македонска архитектура 1950-1995" реализирана во сорботка со Асоцијацијата на архитектите на МАкедонија. Изложбата ја отворија директорот на Центарот Васко Шутаров а од име на Асоцијацијата Сања Раѓеновиќ Јовановиќ и претседателот на Архитектонската академија при Асоцијацијата на архитекти, Александар Смилевски.

1   1

1   1

На 26 ноември, во концертната сала "Борис Христов" свој пијанорецитал имаше Ана Гацева. Познатата пијанистка пред софиската публика се претстави со "Слики" од Клод Дебиси, "Пиеси оп. 118" и со две композиции од Кокан Димушевски. Ова беше второ претставување на Гацева со соло концерт во Софија кој како и првиот во 2008 година беше во реализација на Културноинформативниот Центар на Р. МАкедонија во Софија и со поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија.

1   1

1   1

-НА 16 ноември во галерискиот простор на македонскиот КИЦ во Софија, беше отворена изложбата "Ретро-секции" на ликовните уметници Јован Шумковски и Благоја Маневски. Настанот го отворија кураторот на изложбата Ана Франговска во име на Националната Галерија на Македонија во Скопје и директорот на Центарот Васко Шутаров. Поздравна реч пред бројната софиска публика имаа и двајцата познати македонски автори.

1   1

1   1

Јован Шумковски за изложбата во Софија се представи со дела од циклусот "Блиско минато и една антиципација" а Благоја Мaневски со цртежите "Немирот" и "Спокојот".

1   1

1   1

-Потпишана Програмата за соработка меѓу Министерствата за култура на Р. Македонија и Р. Бугарија (2015-2017) Софија, 13.11.2015.

1   1   

-На 22 Октомври беше отворена изложбата "Неспокој-Спокој" на Коле Манев, ликовен уметник, филмски работник и естетичар во уметноста.

1   1

1   1

Во својата богата уметничка кариера, Манев има реализирано преку 20 самостојни изложби, бројни групни изложби, а е добитник и на голем број награди за ликовна уметност. Носител на високо признание "Почесен витез на творештвото и уметноста" (2006) и државната награда "23 Октомври" во 2011 година.

1   1

1   1

9 Октомври 2015 г,

Посета на претседателот на Р Македонија Ѓорге Иванов на КИЦ на Р Македонија во Софија

1   1

1   1

-Македонските ликовни уметници Гордана Хаџи Николова МАлашев и Кристина Битракова и бугарската сликарка Галина Николова, на 10 септември, пред преполна галерија во КИЦ на Р. МАкедонија во Софија, ја претставија својата заедничка ликовна концепција "Како јас, а како Ти?". Преку 50 дела работени во различни ликовно техники и во различни периоди од нивните ликовни опуси, предизвикаа голем интерес кај публиката во Софија, но и од многу други градови од Бугарија. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Р. МАкедонија во Софија Васко Шутаров, а проектот беше поддржан од македонското Министерство за култура.

1   1

1   1

Гордана Хаџи Николова Малашев е скулптор од Гевгелија, Кристина Битракова е графичар од Скопје и Галина Николова е сликар од Велико Трново, Р. Бугарија.

1   1

1   1

-На 16 јули беше отворена изложбата "Пресек на скулптурата над 3 на 42°N42' /SKP-SOF/ 1 кат минус 110cm" од Славчо Спировски. Кустос на изложбата беше Горанчо Георгиевски.

Славчо Спировски е македонски скулптор, кој досега има изложувано на бројни самостојни (Њујорк, Берлин) и групни изложби.

1   1

1   1

-На 10 јули во Културно-информативниот центар на Р Македонија во Софија, се одржа работна средба помеѓу претставници на Министерството за култура на Р МАкедонија и Министерството за култура на Р Бугарија. Водечка тема на средбата беше размената на информации за креативните и културните индустрии и перспективите за соработка на ова поле.

1   1

-На 9 јули, познатиот македонски гитарист Дарко Багески имаше солистички настап на класична гитара во Културно-информативниот центар на Р Мaкедонија во Софија.

Пред бројната публика изведе композиции од Џулијани, Мерц, Бариос, од Пјацола премиерно ја изведе "Инвиерно Портено", две бразилски композиции од Реис, комплексното дело "Македонска рапсодија" од Јовичиќ и обработка на Калајџиско оро на Мирослав Тадиќ, а за публиката во КИЦ-от, која го врати со аплаузи на сцената, ги изведе "Јовано, Јованке" и "Танго ен скај" од Диенс.

Багески (1981) е професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одржува мастер класи на меѓународни фестивали и натпревари и често е член на жиријата. Музичкото образование го почнал во Скопје, а продолжил на академиите во Загреб и во Вајмар-каде што дипломирал. Мaгистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун. Се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара, како: Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис...

1   1

1   1

-На 11 јуни во рамките на XX Салон на Уметностите, во Националниот Дворец на Културата се одржа камерен концерт со наслов "Македонски виртуози".

НА концертот настапија Страшо Темков (флејта), Гордана Неделковска (обоа) и Елена Атанасковска (пијано).

Беа исполнети дела од Ј.С. Бах, С. Веруст, Р. Шуман, Т. ЛАлие, Е. Мориконе, К. Дебиси, Г. Коларовски, К. Зграјан, П. И. Чајковски, Ф. Пуленк и Т. Прокопиев.

1   1

-Оперската певица Весна Гиновска-Илкова на 9 јуни одржа соло-рецитал во концертната сала "Борис Христов" во рамките на јубилејната програма по повод 10 годишнината на КИЦ на Македонија во Софија и 11. Фестивал на Уметностите "Борис Христов".

Во пијано придружба на Кристина Светиева беа изведени познати оперски арии од Штраус, Лист, Рахмањинов, Верди, МАскањи, Чајковски, Пучини, како и фрагменти од нашата македонска музичка ризница "Марика, мома убава" од Зографски и "Галебе мој" од Прокопиев.

1   1

1   1

Весна Гиновска-Илкова е сопран, првенец на Македонската опера и балет. Дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на професор Милка Ефтимова, а магистерски студии ги работи во Белград, во класата на професорката Радмила Бакочевиќ. Во нејзината богата оперска продукција, оставрува преку 20 насловни улоги. Гиновска-Илкова настапувала на бројни светски музички сцени и е добитник на неколку највисоки македонски музички признанија и награди, за остварувања во културата и музичката уметност.

-Со македонската групна изложба "Конекција 2" на 3 јуни беше отворен 5 Фестивал на Франкофонијата "Солеј" во Созопол. Седум изложби, десет концерти, научни трибини и работилници, ликовна колонија, се дел од содржините на овој значаен фестивал, на кој свое учество имаат уметници од Франција, Белгија, Бугарија, Романија, Грузија, Мароко, Либан и за прв пат нашата земја. Културно-информативниот Центар на Р. МАкедонија во Софија за оваа прилика претстави дела на 11 македонски уметници, кои веќе 2 години заеднички настапуваат во концепцијата "Конекција 2" и преку нашиот Центар во Софија досега беа претставени на изложби во Велико Трново, Благоевград, Русе, Харманли, Пловдив и со две изложби во Софија

1   1

1   1

Изложбата во Созопол ја отворија претседателот на општинскиот Совет на Созопол Красимира Германова, директорката на франкофонскиот фестивал "Солеј" Александрина Исајлова и директоррот на нашиот Центар во Софија, Васко Шутаров. За нашето прво претставување на фестивалот владееше голем интерес како о д публиката, така и од бугарските медиуми. Проектот "Конекција 2" е поддржан од нашето Министерство за култура.

1   1

-На 29 мај оперската певица Славица Галиќ-Петровска имаше солистички концерт во придружба на пијанистот Андреј Наунов а во рамките на 11. Фестивал на уметностите "Борис Христов", во истоимениот музеј.

Фестивалот традиционално се одржува од 18 мај до 13 јули, а гостувањето на Галиќ-Петровска го организираше Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и беше дел од одбележувањето на 10--годишниот јубилеј на Центарот. На програмата на рециталот беа композиции од македонските автори Томислав Зографски, Властимир Николовски, Ристо Аврамовски, Трајко Прокопиев, од бугарскиот композитор Хаджиев, како и од светски познатите автори Рахманинов, Форе, Римски-Корсаков, Пучини, Гуно...

1   1

1   1

-Во рамките на одбележувањето на 10 годишниот јубилеј на КИЦ на Р. Македонија во Софија, на 28 мај беше отворена археолошката изложба "Дамски накит од Македонија".

1   1

1   1

Изложбата на која беа претставени 45 артефакти, беше реализирана во соработка со Археолошкиот Музеј на Македонија. Изложбата ја прогласија за отворена Министерката за култура Др. Елизабета Канческа-Милевска, мр Васко Шутаров и Весела Честоева, директор на Археолошкиот Музеј. Комесар на изложбата беше Ирена Колиштркоска-Настева.

1   1

1   1

-На пролетниот саем на книгата што се одржа од 19-24 мај во Софија, беше промовирано бугарскотот издание на книгата "Резервен живот" од нашата позната писателка Лидија Димковска. Книгата за бугарскиот книжевен пазар ја издаде книгоиздателството "Колибри" од Софија со поддршка на програмата "Креативна Европа" на Европската Комисија. Делото за кое Лидија Димковска доби Европска награда за литературата во 2013 г.

1   1

-На Европската Ноќ на музеите што се одржа во Пловдив на 16 мај, долги редици од посетители до долго во ноќта, присуствуваа на првото претставување на групна изложба на македонските уметници од концепцијата "Конекција 2". На покана на општинската установа "Стар Пловдив" во галеријата на познатата Балабанова куќа, свои дела изложија нашите уметници МАрјан Ѕин, Иво ПЕцов, Зоран Мише, Слободан Милошески, Горан Тричкоски, Павел Целкоски, Адриана Јованоска, Иван Стоименов, Ице Огненовски, Јорданчо Ристовски и Јовица Миленов.

Изложбата ја отворија Васко Шутаров и Амелија Гешева во име на домаќинот, а свои обраќања имаа и првите луѓе на организацијата "Пловдив-Европски град на културата 2019 г."

1   1

1   1

-На 15 мај, ИД Макавеј од Скопје и Културно информативниот Центар на Р.Македонија во Софија беа домаќини на две манифестации.

На еминентните бугарски писатели Бојан Ангелов и Елка Њаголова им беше врачена книжевната награда "Македонски книжевен Дедал" за особен придонес во афирмацијата на македонската книжевност во Р. Бугарија. По врачувањето на оваа награда, во рамките на "Македонска книжевна визита", се одржа тркалезна маса на тема "Бугарската и македонската литература и литературна наука во новиот милениум: појави и тенденции" на која под модераторство на поетот и професор Илија Велев своите мислења ги разменија од македонска страна академик Луан Старова, поетите Вера Чејковска, Братислав Ташковски и бугарските претставници Тања Попова, Здравка Итева, Николај Шопов и Петар Андасаров

На 16 мај, со пригодна беседа од Братислав Ташковски, на софиските гробишта беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на Венко Марковски.

 

1   1

-На 14 мај се одржа Осмата македонска книжевна визита, на која беше претставен книжевен портрет на академик Луан Старова. Беседници беа академик Али Алиу и Бранко Цветкоски. На поетското читање истата вечер свои стихови интерпретираа македонски книжевници Ристо Ѓ. Јачев, Бранко Цветкоски, Братислав Ташковски, Вера Чејковска, Марта Маркоска, Илија Велев, Владимир Илиевски, Зоран Јакимовски, Кире Неделковски.

НАстанот беше организиран во соработка со ИД Макавеј-Скопје со поддршка од нашето Министерство за култура. Програмата ја водеа Васко Шутаров и Владимир Цветкоски.

1   1

1   1

-На 13 мај трета година по ред, КИЦ на Р. Македонија во Софија беше учесник на големиот литературен настан-Европска Ноќ на литературата, што секоја година истовремено се одржува во голем број европски градови. На 12 "гнезда" низ Софија и десет други градови во Р. Бугарија, годинава на Европската ноќ на литературата во Бугарија, свои автори претставија Европската комисија во Софија, Амбасадата на Австрија, Гете институтот, Британскиот совет, Институтот Сервантес, Полскиот и Унгарскиот институт, Чешкиот центар, Рускиот Културно-информативен Центар и нашиот Културно-информативен Центар. На манифестацијата беа читани извадоци од делата "Остров на копното" од академик Богомил Ѓузел и "Со невидлив сокол на рамото" од Лилјана Дирјан. Овие две дела, преведени и издадени во Р. Бугарија имаа своја промоција минатата година, во организација на нашиот Центар во Софија. Стихови од нашите познати писатели читаа актерот Иван Калошев и младиот режисер Ѓорги Георгиев-Антика.

МАкедонското претставување на Европската Ноќ на литературата се одвиваше во Клубот "Масарик".

1   1

1   1

-На 12 мај, во рамките на 8 меѓународен филмски фестивал за културното наследство што се одржува во Софија, беше претставен филмот "Росе од Заград" (48 мин. производство 2015) во режија на Владимир Боцев и во продукција на Музеј на МАкедонија. Заград е село во пределот Порече. Во него живеат само неколкумина постојани жители, меѓу кои е и Росе, 36 годишен маж, кој живее со неговата мајка. Филмот паралелно го покажува секојдневието на Росе и обредот Водици, што секоја година се одржува во селото Заград. Обредот, пред се, го одржуваат иселените жители на селото кои за време на празнување се враќаат во родното село. Ова беше премиерно прикажување на овој филм, а режисерот Боцев и минатата година учествуваше со неколку свои филмови на овој Фестивал, за кое доби и специјална награда од жирито на фестивалот.

Филмскиот фестивал за културно наследство во Софија го организира Меѓународната Фондација "Детев" во соработка со културните центри и институти кои имаат свое седиште во Софија. Културно-информативниот Центар на Р. Македонија трета година по ред претставува македонски филмови посветени на македонскотот културно наследство. Сите филмови што ги претставија странските културни центри и институти во Софија, беа прикажани во Американскиот Центар во Софија.

1   1

1   

-На 7 мај пред бројна публика, во КИЦ на Р. Македонија во Софија беше отворена изложба на нашата позната ликовна уметница Жанета Гелевска Велјаноска. Во соработка со НАционалната галерија на Македонија, за изложбата во Софија беа претставени 20-на дела од последните циклуси на Гелевска Велјаноска, меѓу кои и повеќе дела од нејзиниот последен циклус "Бакни ме, може нема веќе да се разбудам". Ова беше 30 самостојна изложба на уметницата која живее и работи на релација Скопје-Лондон и нејзина прва самостојна изложба во Софија.

1   1

1   1

Изложбата ја отворија Васко Шутаров од име на македонскиот културен Центар, кустосите Татјана Бундалевска и Горанчо Георгиевски од име на Националната галерија, а свое обраќање имаше и уметницата Жанета Гелевска Велјаноска.

1   1

1   1

-На 28 април во КИЦ на Р. Македонија во Софија се одржа официјалното претставување на младите книжевни писатели. Пред публиката во Софија нив ги претставија г-н Нове Цветаноски од книгоиздателството "Македоника литера" кој е иницијатор и носител на овој проект и г-н Васко Шутаров од КИЦ на Р. МАкедонија во својство на организатор на овој настан. Пред бројни писатели, преведувачи, претставници на книгоиздателства, љубители на литературата, извадоци од свои прозни текстови читаа авторите Јулијана Величковска, Фросина Пармаковска, Михајло Свидерски, Давор Стојановски, Петар Андоновски, Живко Гроздановски и Верче Карафилоска.

Во текот на вториот работен ден од Деновите на младата книжевна проза, беше отворена посета на Универзитетската библиотека на Софискиот Универзитет, каде нашите млади автори даруваа по еден примерок од своите дела. Третиот ден од гостувањето беше отворена средба во Сојузот на бугарски писатели и средби со партнери во подготовка за Саемот на книгата во Софија, како и вклучување во прославата на 80 години од раѓањето на големиот бугарски писател Љубомир Левчев.

1   1

1   1

-На 27 април со изложба на книги и со трибина на која учествуваа млади белетристи од двете земји, издавачи и преведувачи започнаа "Деновите на младата македонска проза" во Софија. На трибината која ја отворија Нове Цветаноски од име на книгоиздателството "Македоника литера" и Васко Шутаров од име на домаќинот на настанот КИЦ на Р. Македонија во Софија, се дебатираше за динамизирање на книжевната соработка меѓу двете земји, стимулирање на преведувањето и мерките кои нашето Министерство за култура ги превзема на тој план. На трибината учествуваа младите македонски автори Јулијана Величковска, Фросина Пармаковска, Верче Карафилоска, Михајло Свидерски, Живко Гроздановски, Давор Стојановски и Петар Андоновски.

На покана на книгоиздателството на Софискиот Универзитет, младите македонски писатели учествуваа истата вечер на поетско читање на кое беа претставени младите бугарски поети, а свое претставување имаше Јулијана Величковска.

1   1

-По повод 10 годишниот јубилеј на КИЦ на Р. МАкедонија во Софија, на 27 април ќе биде прикажан блок од три документарни филмови од нашата земја, на интернационалната тв мрежа Дануб Тв. Станува збор за трите документатни филмови "Свадбата во Кокино" по сценарио и режија на Анита Ѓорѓиоска, филмот "Самовилската вода" по сценарио на Валентина Илиевска и режија на Иван Митевски и филмот "Патот на надежта" по сценарио и режија на Анита Ѓорѓиоска. Сите три филма се во продукција на Музеј Куманово а гледачите на онлајн интерактивната телевизија Дануб Тв ќе можат премиерно да ги одгледаат филмовите во три блока по 45 минути за д можат да бидат гледани со внимание од бројните гледачи ширум светот, во различни временски зони.

Дануб Тв и КИЦ на Р. МАкедонија преку ова заедничко одбележување на јубилејот на нашиот Центар во Софија, најавуваат и понатамошна соработка на план на промоција на македонската култура, уметност, туризам-теми кои се во најголем дел застапени на овој модерен тв канал. (www.danubtv.com)

-На 24 април, на покана на Градоначалникот на Општина Харманли во Република Бугарија, македонските уметници од ликовната група "Конкеција 2", свечено ги отворија Деновите на Општината. Изложбата беше отворена во Културниот Центар од Градоначалникот на Харманли, Михаил Лисков и директорот на нашиот КИЦ во Бугарија, Васко Шутаров. Делата на македонските уметници публиката во овој дел од Бугарија имаше можност да ги види до 17 мај.

1   1
1   1

Ликовната група "Конкеција 2" ја сочинуваат единаесет уметници од повеќе градови во Р. Македонија, кои имаат студирано, магистрирано или докторирано на НХА во Софија: Марјан Ѕин од Струмица, магистер на одделот за "Плакат", Иво Пецов од Виница, магистер по графика и доктор по специјалноста "Ѕидно сликарство", Адриана Јовановска од Прилеп, магистер на одделот за "Метал", Зоран Мише од Охрид, магистер за графичка уметност, Иван Стоименов од Скопје, магистер по скулптура, Горан Тричковски од Делчево, магистер по графичка уметност, Јорданчо Ристовски од Крива Паланка, магистер по сликарство, Павел Целковски од Охрид, магистер по графичка уметност, Слободан Милошески од Кичево, магистер по скулптура и во моментов докторант по скулптира на НХА во Софија. Од оваа изложба на групата и се придружија и Ице Огненовски-Мерко од Битола кој има завршено сценографија на НХА и Јовица Миленов од Делчево кој има дипломирано сликарство на истата Академија. Во концепцијата "Конкеција 2" беа претставени дела од графичката уметност, сликарството, скулптурата како и обработката на метал.

1   1
1   1

-По повод Светскиот ден на книгата и авторското право-23 април, во книжарницата "Хеликон" во Софија, се одржаа серија манифестации кои се одвиваа во рамките на светската кампања на овој ден, да се популаризира читањето и вредноста на книгата.

На централното чествување на Светскиот ден на книгата, се одржа "штафетно читање на омилена книга", на која беа поканети дипломати и директори на странски културни институти. Свои омилени кратки делови од книга или песни од стихозбирки читаа амбасадори, како и директорите на поголем дел културни институти, Гете, Британскиот Совет, Италијанскиот, Полскиот Чешкиот, Унгарскиот, како и Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија. Директорот на КИЦ на Р. МАкедонија во Софија, Васко Шутаров, за оваа прилика прочита свои омилени стихови од книгата "Преместен камен" од нашиот поет Никола Маџиров.

1   1

-На 17 април во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, пред преполн салон, се одржа модна ревија "Модните трендови и културата на живеењето од а ла франга до современата мода". Проектот чиј носител е НУ Музеј од Куманово ги проследува развојните линии на модното живеење од моделите од "а ла франга", од почетокот на 20 век до денес, а на ревијата беа претставени и креации на модниот дизајнер Александар Рашковиќ, инспирирани од староградската мода.

Настанот го отворија директорот на НУ Музеј Куманово и КИЦ на Р. Македонија во Софија, Анита Цветановска и Васко Шутаров.

Автор на проектот е кустосетнолог од НУ Музеј Куманово, Анита Ѓеорѓиоска а проектот е поддржан од нашето Министерство за култура.

1   1
1   1

-На 1 април во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија беше отворена самостојна изложба на нашиот познат ликовен уметник Томе Мишев. Изложбата која заеднички ја организира Нaционалната галерија на Македонија и нашиот Културен центар во Софија ја отворија директорите на двете институции Маја Неделковска-Брзанова и Васко Шутаров. Ова беше второ самостојно претставување на нашиот ликовен уметник, после неговата прва самостојна изложба во главниот град на Бугарија, во 1999 година. Мишев на изложбата се претстави со 14 дела, во кои преовладуваат теми од топлото поднебје на неговото потекло и работно творештво..

1   1
1   1   

Томе Мишев е роден 1958 година во Струмица. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Има реализирано бројни самостојни изложби (Р. Бугарија, Босна и Херцеговина, Франција, Германија), бил учесник на многу групни изложби (Кина, Чиле, САД, Бугарија) и добитник на значајни македонски награди за ликовна уметност.

1   1
1   1

-По повод својот 10 годишен јубилеј од основањето и по повод Светскиот Ден на Поезијата 21 Март, Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во софија подари 100 книги од македонски автори на Националната библиотека во Софија. Најголем дел од подарените книги се стихозбирки од најстарата македонска книжевна генерација, почнувајќи од класикот на македонската поезија Ацо Шопов чие прво дело преведено на бугарски јазик беше објавено во 2013 г, преку дела од академиците Петре М. Андреевски, Радован Павлоски, Богомил Ѓузел, Катица Ќулавкова, до најмладата македонска поетска генерација со дела од Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Јовица Тасевски Етернијан. Најголемиот дел од подарените книги се на македонски јазик а еден дел и книги од наши автори преведени и објавени и во Р. Бугарија. Репрезентативен примерок дела од Струшките вечери на поезијата исто така беа дел од донираните книги на најголемата библиотека во Р. Бугарија.

Од името на КИЦ на Р. МАкедонија во Софија свое обраќање имаше директорот м-р Васко Шутаров, кој од директоркта на Националната Библиотека проф. Борјана Христова прими Благодарница за колекцијата подарени книги.

На настанот присуствуваше и г-н Гоце Георгиевски, министер-советник во Амбасадата на Р. МАкедонија во Р. Бугарија.

1   1
1   1   

-Во преполна галерија на Друштвото на уметници на градот Русе на 6 март беше отворена изложбата Конекција-2, на која беа претставени преку 70 творби, на 9 македонски ликовни уметници. За уметниците и нивните дела зборуваа директорот на Македонскиот културен Центар во Софија Васко Шутаров, заменик градоначалникот на Општина Русе Иван Григоров, поетот и сликар Роман Кисјов и претседателот на Друштвото на уметници на Русе, Горги Пасев. Интересот за делата на уметниците Марјан Ѕин, Иво Пецов, Слободан Милошески, Јорданчо Ристовски, Адриана Јовановска, Иван Стоименов, Зоран Мише, Горан Тричкоски и Павел Целкоски беше одразен и преку присуството на сите локални медиуми од Општина Русе како и од националната телевизија БНТ.

1   1
1   1   

Изложбата во Русе беше отворена до 18 март.

1   1
1   1   

-Пред голем број љубители на ликовната уметност, на 25 Февруари во КИЦ на Р. Македонија беше отворена изложбата со наслов "Невидливиот медиум на чудесното" на познатата македонска уметница Вана Урошевиќ. Нашата уметница за оваа прилика се претстави со 54 дела работени со вез на рачно обоена свила и во најголем дел неизложувани досега. Изложбата се реализираше во соработка со Музеј на современа уметност и со поддршка на нашето Министерство за култура. Изложбата ја отворија Васко Шутаров и Елиза Шулевска а посетителите во Софија можеа да ја видат до 19 март.

1   1
1   1   

Вана Урошевиќ има завршено Академија за ликовни уметности во Белград (1984), магистрирано исто така во Белград (1987) остварено студиски престој во Париз (1987) и специјализирано во Венеција (1989). Беше македонски претставник на 50 Биенале во Венеција, има остварено бројни самостојни и групни изложби и е добитник на значајни домашни и меѓународни ликовни награди.

1   1
1   1   

-Република Македонија учествуваше на Меѓународниот Саем за Туризам во Софија што се одржа од 12-14 февруари. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организираше прес-конференција на која учествуваа бројни туристички организации од Р.Бугарија. Меѓу бројните посетители на македонскиот штанд на Саемот беа и професори и асистенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика од Гевгелија.

1   1

1   1

-На 5 Февруари во КИЦ на Р. Македонија во Софија беше отворена изложбата на осуммина македонски уметници, поранешни студенти на Националната ликовна Академија во Софија. Ликовните уметници Иво Пецов, Зоран Мише, Павел Целкоски, Марјан Ѕин, Адриана Јованоска, Горан Тричкоски, Иван Стоименов и Зоран Георгиев, обединети во концептот "Конекција 2", се претставија со свои најнови дела од областа на графиката, скулптурата, сликарството, уметничката обработка на метал. Галерискиот простор на Македонскиот културен Центар во Софија беше претесен да ги прими стотици љубители на уметноста на младите македонски ликовни уметници, кои својот најнов ликовен опус го презентираат и во бројни познати ликовни галерии низ Софија и Бугарија.

1   1
1   1

1   1

Концепцијата "Конекција" е плод на соработката на КИЦ на Р.МАкедонија во Софија и македонските студенти кои дипломираа или завршуваа пост-дипломски и докторски студии на Националната ликовна Академија во Софија. Првиот заеднички проект беше реализиран во јули 2012 г, минатата година заеднички беа остварени две изложби во Благоевград и Велико Трново, а годинава освен изложбата во Софија, оваа изложба ќе биде претставена во неколку други градови во Р.Бугарија.

1   1
1   1

1   1

-На 23 Јануари во 18,30 часот во галерискиот простор на КИЦ на Р.Македонија во Софија беше отворена ретроспективна изложба на плакати од настани организирани од Центарот во изминатите 10 години од своето постоење. Во 2015 година, Македонскиот културен Центар во Софија одбележува свој 10 годишен Јубилеј, а со оваа изложба на плакати официјално се отвори и јубилејната годишна програма на Центарот за 2015 година.

Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија работи од 27 Април 2005 година.

На првата од серијата изложби на ретроспективни плакати кои се дизајнирани од ликовниот уметник Иво Пецов, директорот на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија Васко Шутаров ја претстави и културната понуда од Програмата за 2015 година.

1   1
1   1

 

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија