Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
08:30-16:30 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Цели на Културно-Информативниот Центар

Културно-Информативните Центри на двете држави се формирани како резултат на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за основање на Културно-Информативен Центар на Р.Македонија во Софија и Културно-Информативен Центар на Р.Бугарија во Скопје (потпишана на 18 април 2003). Во Спогодбата е утвредено меѓу другото дека Културно-Информативните Центри ќе може да ги вршат следните дејности:
а)да организираат во своите простории библиотека и читална;
научните информации од својата земја;
б)да издаваат или увезуваат публикации од својата земја;
в)да прикажуваат филмови во и надвор од своите простории,
со посредство на институциите надлежни за тоа во земјата
домаќин;
г)да организираат во своите простории литературни, научни и други предавања проследени, според потребата, со визуелни илустрации или музички изведби;
д)да организираат во своите простории изложби на фотографии, цртежи, плакати, книги, оригинални уметнички дела или репродукции;
ѓ)да даваат информативни услуги на заинтересираните граѓани на двете Договорни страни, како и на граѓани на трети држави;
е)да објавуваат и да дистрибуираат информативни билтени, за настаните и манифестациите организирани од страна на Културно-Информативните Центри. Информирањето подразбира и користење модерни комуникациски технологии, итн.
Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, официјално е отворен на 27 април 2005 година.

   
   

МИА   ИНТЕРВЈУ со Васко Шутаров, директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и поранешен пратеник во македонското Собрание

28 декември 2011

Господине Шутаров неколку месеци сте веќе директор на Центарот за култура во Софија. Реализиравте веќе две изложби, а беше промовирана и книга од македонски автор. Каков е предизвикот во оваа работа имајќи предвид дека бевте пратеник во минатиот собраниски состав и активно се занимававте со политика?  

Предизвикот е навистина голем. Со најголема можна посветеност, впрочем како што сум се посветувал на сите мои претходни работни задачи и во политиката и во културата. Во својот втор пратенички мандат бев претседател на собраниската Комисија за култура, а културната дипломатија и културната политика се мој личен и професионален интерес, од студентски денови и низ сите години професионален ангажман и во политиката и во културата. Да се биде прв човек, претставник на културата на Република Македонија во една значајна европска метропола на културата, како што е Софија, е многу сериозна, но и многу благородна работа. Софија е град со многу динамична културна сцена, град во кој дневно се случуваат десетици значајни културни настани и град кој негува вистински културни вредности. Освен македонскиот, во главниот град на Бугарија свои културни центри и институти имаат уште десетина држави, кои нудат постојана и содржински богата културна понуда. Во таквата гама од културна разноликост, вистински предизвик е да се одржи, но и збогати претставувањето на најдоброто од културата на својата држава. Република Македонија и Република Бугарија имаат високо ниво на културна соработка, која е дефинирана со Спогодба за културна соработка во 2000 година и конкретизирана низ Програми за соработка меѓу министерствата за култура на двете земји. Културно-информативните центри на двете земји, во Скопје и Софија, се можност за поквалитетно и пошироко меѓусебно запознавање и информирање и секако продлабочување на соработката во областа на културата, науката, уметноста... Министерствата за култура на Република Македонија и Република Бугарија имаат исклучително добра соработка, многу градови и локални средини, бројни институции и истакнати поединци од културата имаат постојана меѓусебна комуникација и взаемна почит и тоа ми дава за право да бидам убеден дека и мојата работа ќе биде во функција на што подобро запознавање на двете култури, преку достојно презентирање на целокупното богатство од разноликост и несомнени светски и европски признати културни вредности со кои и двете култури изобилуваат.  

Дали активностите на Центарот предвидени за   2011 година беа реализирани во целост?

Програмата на КИЦ во Софија е неодвоив дел од програмата на Министерството за култура, посебно програмскиот дел за меѓународна културна соработка на Република Македонија. Сите проекти се реализираат со поддршка на Министерството за култура, а Годишната програма на КИЦ обично се донесува со почетокот на календарската година. Програмата за 2011 година е во целост реализирана, најмногу благодарејќи на постојаната поддршка и добра соработка со Министерството за култура, но во еден период кога Центарот остана без својот прв човек и благодарејќи на вонредниот ангажман на Амбасадата на Република Македонија во Софија.

Какви можности нуди КИЦ во Софија за љубителите на македонската уметност?

Можностите на Центарот се солидна основа за достојно презентирање на културните и уметничките дострели на нашата земја. Во просторот во кој што сме сместени, во административното и културно средиште на Софија, имаме Библиотека која брои преку 3.000 наслови од македонски автори, а планираме во текот на оваа година библиотеката да ја доградиме, а библиотечниот фонд барем двојно да го зголемиме со нови изданија и наслови. Имаме и мал интернет клуб, во кој посетителите можат секој работен ден да користат бесплатен интернет и информации кои им ги нудат македонските интернет локации. Во рамките на Центарот е и галерискиот простор кој се користи за презентација на ликовни дела, презентација на музички дела и литературни дружења, од помал формат. Во секој случај, тоа е еден функционален простор, кој што е максимално искористен. Имаме одлична соработка со сите културни институции во Софија, како и со останатите културни центри и институти така што за бројни културни случувања ги користиме и најрепрезентативните и најпрестижните културни простори во Софија.

Какви активности ќе бидат реализирани во текот на следната година и колкав буџет е предвиден за нив?

Како што ви спомнав, Програмата за работа на Центарот се обликува и објавува со почетокот на годината и таа во најголем дел е исполнета со содржини кои се дефинираат врз основа на Конкурс кој што Министерството за култура во делот на меѓународната соработка го објавува во средината на претходната година. Имаме големо разбирање од Министерството за култура и за вонредни проекти и културни содржини кои што не можат цела година однапред да бидат дефинирани, а се неодвоив дел од тековната културна размена меѓу двете земји. Годината пред нас ќе изобилува со мноштво културни содржини и богата културна програма, тоа со сигурност можам да ви гарантирам. Финалната рамка за програмата во 2012 година ќе ја објавиме кон средината на следниот месец и за нејзината содржина благовремено ќе ве информираме и вас и сите кои се заинтересирани за нашите претстојни активности. Минатата година имаше неколку   заеднички настапи на македонски и бугарски уметници, а и за следнава година постои интерес таквата форма на културна соработка да продолжи. Постои интерес за поблиска соработка и со останатите културни центри во Софија и заеднички интерес за наше претставување и надвор од Софија. Моја интенција ќе биде најдоброто од нашата култура да им го доближам на сите почитувачи и во другите големи културни центри во Бугарија, а посебно ќе бидам задоволен ако успееме на најпрестижните бугарски фестивали, конкурси и манифестации да донесеме и претставиме наши врвни уметнички имиња.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=04AF667E9A91B4429FD835B220FAE140

http://www.telegraf.mk/kultura/scena/81659-sutarov-sekoj-nastan-si-ima-svoja-ubavina

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11513925444&id=84&setIzdanie=23019

http://www.novini.mk/read/530573/vasko-shutarov-direktor-na-kic-na-makedonija-vo-sofija

http://www.maticanaiselenici.com/?page=read_news&id=34043

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија