Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

КИЦ на Р Македонија одбележа пет години од отварањето на пригоден начин со Поетска вечер и со многу гости од Р Македонија,од Р Бугарија,посетители и пријатели на КИЦ. На чествувањето на петгодишнината со поздрав до присутните и честитки за јубилејот се обратија директорот на КИЦ г-ѓа Доста Димовска, Амбасадорот на Р Македонија во Софија Александар Василевски, преставникот на Министерството за култура на Р Македонија г-ѓа Ирина Кроткова, директорот на Дирекција за меѓународна соработка при Мин. на културата на Р Бугарија – г-ѓа Дејана Данаилова,  преставничката на Дирекцијата за култура на град Софија  Маргарита Донова.
Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија е отворен пред 5 години, иако Спогодбата меѓу двете држави за отворање вакви центри беше потпишана порано во април 2003 година. Промоцијата на македонската култура преку Центарот се одвива низ богата презентација на нашите културни вредности и творечки дострели од областа на книжевноста, сликарството, скулптурата, уметничката фотографија, камерната музика, научните изданија од областа на археологијата, историјата, издавачката дејност итн. За период од 5 години, реализирани се околу стотина проекти.
За наредниот период во КИЦ се предвидени значајни предтавувања на македонски сликари, писатели, ќе се одржи и јубилејната Пета книжевна визита на македонските писатели во Софија.

   
   
                                                                                  Од свеченоста

 

 

 

 

 

 

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија