Сала 1, НДК, Софија
17 Февр. 2025 - 19:00
На 17 февруари 2025 година, како плод од соработката помеѓу Софиската филхармонија и Филхармонијата на РС Македонија, Државен симфониски оркестар – Солун и бугарскиот Национален филхармониски хор, ќе се одржи „Кармина Бурана“ од Карл Орф во Сала 1 на Националниот Дворец на Културата во Софија, со почеток од 19:00 часот.
Музичкото дело на Карл Орф за солисти, хор и оркестар ќе биде изведено под диригентската палка на маестро Најден Тодоров. Солисти се сопранистката Ана Дурловски (Република Северна Македонија), тенорот Николас Спанос (Грција) и баритонот Иво Јорданов (Бугарија).
За повеќе информации и билети на следните линкови: