КУЛТУРНО-ИНФОРМАЦИОНЕН ЦЕНТЪР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЯ В СОФИЯ
  • Македонски
  • Български

Одбележување на јубилејот – 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
5 Май 2025 - 18:30

На 5 мај 2025 година, со почеток од 18:30 часот, во просториите на македонскиот КИЦ во Софија ќе се одбележи јубилејот – 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.

Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани: Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944 година) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава, Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука, како и со официјалното усвојување на македонскиот правопис - 7 јуни 1945 година.

На одбележувањето на јубилејот ќе се обратат проф. д-р Михајло Марковиќ, со предавање на тема „Милениумската постојаност на македонскиот јазик - темел на македонскиот културен идентитет“ и проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот КИЦ во Софија.

80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик и раст на македонскиот јазик низ вековите, како суштински фактор и ентитет на македонскиот идентитет, како срцевина на македонската култура, преку кој градиме мостови на уметноста, културата, науката и напредокот, во духот на соработката, пријателството и дијалогот меѓу цивилизациите

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел/факс: 02 946 1492

ул. Оборище 7, 1504 София

Бюлетин

Абонирайте се за новини и събития от сайта

СИГУРНОСТ
Този въпрос удостоверява, че сте реален потребител.

Календар

Н П В С В П С
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30