КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

20 години Македонски Културно-Информативен Центар во Софија – музичка вечер во чест на уметноста, културата и младите таленти

На 19 јуни 2025 година, во просториите на Македонскиот културно-информативен центар (МКИЦ) во Софија, беше одбележан значаен и свечен јубилеј, две децении од основањето на оваа институција, која низ годините стана клучна алка во промоцијата на македонската култура во Република Бугарија, но и во зацврстувањето на културната соработка меѓу двете земји.

Во чест на 20-годишнината, се одржа свечен настан под мотото „Мостови на културата“, кој обедини музика, уметничка визија и младешка инспирација. Вечерта мина во духот на уметноста, спојувајќи го минатото со иднината, традицијата со иновативноста, а централно место во програмата имаше исклучителниот камерен концерт на двајца млади, но веќе широко афирмирани македонски музички уметници - сопранистката Ева Живковска и пијанистот и диригент Горјан Стојановски, така што публиката, уживаше во еден уметнички исклучително квалитетен и внимателно куриран музички репертоар.

Притоа концертот нè поведе на инспиративно музичко патување низ различни епохи, стилови и културни слоеви - од барокната рафинираност на Хенри Пурсел, преку емотивната романтичарска длабочина на Петар Илич Чајковски и Сергеј Рахмањинов, до оперската лирика и драма на Винченцо Белини, Џакомо Пучини и Антонин Дворжак.

На тој начин, музиката не беше само средство за уметнички израз, туку и платформа за културен дијалог.

Ева Живковска, со својот кристален, емоционално обоен сопран, уште еднаш потврди дека е еден од најперспективните млади вокали на македонската и европската сцена. Со уметничка зрелост што ретко се среќава кај млади изведувачи, таа успеа да ја пренесе суштината на секое дело со длабоко чувство и техничка совршеност. Со искуство од настапи во Австрија, Италија, Хрватска, Бугарија и други европски земји, Живковска не само што се истакнува како музичар, туку и како амбасадор на македонската култура во меѓународни рамки. Нејзиниот уметнички развој е воден под менторство на славната сопранистка Красимира Стојанова, што дополнително зборува за нејзината сериозна посветеност кон професионализмот.

На пијаното, Горјан Стојановски внесе силна енергија, музичка зрелост и чувствителност. Како пијанист и млад диригент, Стојановски го гради својот впечатлив уметнички профил преку настапи во бројни европски земји - Италија, Словенија, Хрватска, Македонија и други европски земји. Неговата способност да го поврзе пијанизмот со диригентскиот занает го прави уникатен и вреден претставник на новата генерација уметници кои не се ограничуваат на една уметничка форма, туку истражуваат и поврзуваат уметноста како целина.

Изведбата на ова дуо беше дочекана со силни аплаузи и топол прием од публиката, која не ја криеше својата воодушевеност од високиот квалитет и емотивноста на концертот. Музичката вечер не само што нè потсети на значењето на класичната музика и културното наследство, туку и на потребата да се поддржуваат младите уметници кои се носители на иднината на културата.

На самиот крај од настанот, во знак на благодарност и признание за нивниот придонес кон уметноста и унапредувањето на културните, на Ева Живковска и Горјан Стојановски им беа врачени благодарници под мотото „Мостови на културата“, специјално изработени по повод 20-годишнината од постоењето на Македонскиот културно-информативен центар во Софија.

Свеченоста заврши во пријатна атмосфера, во духот на пријателство, културна размена и заедничка визија за иднината на културата како градител на мостови, а не ѕидови – токму како што тоа успешно го прави МКИЦ веќе две децении.

Настани

19 Jun 2025 - 18:30

На 19 јуни (четврток) 2025, со почеток од 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи Камерен концерт за глас и пијано на Ева Живковска – сопран и Горјан Стојановски – пијано.

Младите македонски музичари со својата изведба ќе ја оживеат палетата на чувства и приказни,...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31