КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Ангелина Поповска и Богоја Ангелкоски, проект: Самостојна изложба

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонја во Софија и Министерството за култура на Р. Македонија на 25 ноември (вторник) во 18 часот се отвори изложба на современите македонски уметници Ангелина Поповска и Богоја Анѓелковски. Изложбата ја отвори ликовниот критичар Валентино Димитровски.

Ангелина Поповска (1967год.) дипломирала на ФЛУ-отсек сликарство, а магистрирала во Белград на Катедрата за конзервација и реставрација. Автор е на две самостојни изложби, учествувала на неколку групни изложби во земјата и странство. Наградувана е со неколку меѓународни и домашни награди: Прва награда на ДЛУМ 2005, Прва награда "Петар Мазев" итн.
Скулпторот Богоја Анѓелковски (1963год.) дипломирал на ФЛУ-отсек вајарство. Автор е на неколку самостојни изложби. Добитник е на наградата „Нерешки мајстори„ на ДЛУМ,1993год., Прва награда за идејно решение за спомен обележје на Никола Карев,2008, Откупна награда за идејно решение за спомен –обележје на Цар Самоил,2008год.

Ангелина Поповска и Богоја Ангелкоски, проект: Самостојна изложба (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.