КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Денови на македонската литература во Ловеч

Ликовна галерија „Теофан Сокеров“
9 Jun 2021 - 18:00

По тешкиот есенско-зимски период на 2020/2021 г. и ограничувањата заради пандемијата со Ковид-19, во Клубот на културните дејци (КДК) во Ловеч започна новата културна сезона за годината.

На 8 и 9 јуни тројца од најчитаните македонски писатели ќе гостуваат во Ловеч за Денови на македонската литература. Иницијативата е на  издателство „Персеј“, сопственост на ловчалијата Пламен Тотев. Изборот на Ловеч не е случаен, затоа што издавачот на овие писатели е роден во Ловеч, многу го сака својот роден град и секогаш е подготвен да помага со иницијативи и да потпомага идеи од областа на културата.  Во наредните два дена тие ќе ги претстават своите најнови романи, излезени на бугарски јазик, и ќе се сретнат со почитувачи на литературата во градот Ловеч. КДК благодари на Општина Ловеч за поддршката, како и на нивните партнери: Регионална библиотека „Проф. Бенју Цонев“ и Уметничката галерија „Проф.Теофан Сокеров“. Настанот ќе се одржи во Уметничката галерија на 8 и 9 јуни од 18 ч.

Првиот ден – 8 јуни од 18 ч. Сашко Насев ќе ја претстави својата книгата „Средби со ѓаволот“. Амбасадор во Канада, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, професор по Драматургија во Универзитетот во Скопје, најголемиот македонски драматург, чиишто дела се поставувани на многу меѓународни сцени – тоа е Сашко Насев. Неговата книга „Средби со ѓаволот “ вклучува краток роман – предизвик кон Булгаков и „Мајсторот и Маргарита“, како и неколку разказа.

Сашко Насев е еден од најистакнатите поддржувачи на идејата да се градат мостови меѓу Бугарија и Северна Македонија во областа на културата.

Вториот ден – 9 јуни, исто од 18 ч. Винка Саздова  ќе го претстави својот роман „Вилино“. Македонската писателка разкажува за љубов и повторното откривање на животот. Интересен факт е дека една од главните хероини има бугарски прототип (Вили К’нева, сопственичка на популарното кафуле „Ајрон“ (IRON FE-26) во Ловеч, во непосредствена близост до Покриениот мост).

Винка Саздова е еден од најпродаваните писатели во Северна Македонија. Во Бугарија пред неколку години е издаван нејзиниот роман „Последниот чај“, издание на „Бард“ – исто со голем успех. Таа е сопственик на едно од најголемите издателства во Македонија – „Три“.

Јагода Михајловска Георгиева, која веќе гостувала во КДК со својот  роман „Индиговиот Бомбај“ (изд. „Персеј“), веќе се има здобиено со многу читатели во Бугарија. Нејзиниот нов роман – „Манастир Фуентарабија“ и носи нова голема награда.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31