КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Джаз концерт на група Фолтин

На 18 мај во 23:00 часот во Sofia Live Club се одржа концерт на групата Фолтин.

Изображение от плаката

Битолскиот музички бенд Фолтин е формиран како џез група во 1996 година, а од тогаш постојано менувајќи се во текот на 15 годишното работење, изградија стил што не може да се класифицира во ниту еден музички правец. На нивните настапи кои често се претвораат во вистински перформанси може да се чујат примеси на џез, џипси, поп, рок, ворлд мјузик, па дури и електро, но испреплетено во еден специфичен и препознатлив звук на групата со која имате гаранција за одлична забава и атмосфера исполнета со френетично танцување. До сега имаат објавено шест албуми, а не ретко "псевдо-емигрантското кабаре" Фолтин ќе го сретнете и како музички соработник на театарски претстави. Имаат настапувано на бројни музички и театарски фестивали низ Македонија, Хрватска, Бугарија, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Албанија, Унгарија, Франција.
Ова е нивен трет настап во Sofia Live Club, каде што имаат своја публика и статус на вистински музички звезди.
КИЦ на Р.Македония во Софија беше партнер на Sofia Live Club во организацијата на овој настан.

Джаз концер на група Фолтин (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30