КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Европска Ноќ на литературата

На 13 мај трета година по ред, КИЦ на Р. Македонија во Софија беше учесник на големиот литературен настан-Европска Ноќ на литературата, што секоја година истовремено се одржува во голем број европски градови. На 12 "гнезда" низ Софија и десет други градови во Р. Бугарија, годинава на Европската ноќ на литературата во Бугарија, свои автори претставија Европската комисија во Софија, Амбасадата на Австрија, Гете институтот, Британскиот совет, Институтот Сервантес, Полскиот и Унгарскиот институт, Чешкиот центар, Рускиот Културно-информативен Центар и нашиот Културно-информативен Центар. На манифестацијата беа читани извадоци од делата "Остров на копното" од академик Богомил Ѓузел и "Со невидлив сокол на рамото" од Лилјана Дирјан. Овие две дела, преведени и издадени во Р. Бугарија имаа своја промоција минатата година, во организација на нашиот Центар во Софија. Стихови од нашите познати писатели читаа актерот Иван Калошев и младиот режисер Ѓорги Георгиев-Антика.

Македонското претставување на Европската Ноќ на литературата се одвиваше во Клубот "Масарик".

Европска Ноќ на литературата (снимка)
Европска Ноќ на литературата (снимка)
Европска Ноќ на литературата (снимка)
Европска Ноќ на литературата (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.