КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Европски ден на jазиците 2019

На 26-ти Септември 2019 година, во музејот „Земјата и луѓето“ се одржа „Европскиот ден на јазиците“. Настанот е од големо значење и ја презентира граѓанската култура во Софија. На настанот беа присутни бугарските медиуми, студенти, академската средина, дипломатскиот кор и воопшто стотици посетители. Манифестацијата „Европски ден на јазиците“ се одржа како еден вид празник на културите.

Како минатата, така и оваа година, КИЦ на РСМ имаше извонредна презентација со проекција на туристички материјали, видеа од Охрид, Крушево и други градови, перформанс на сценаристот, режисерот и актерот Ѓорѓи Ѓоргиев - Антика, рецитирање поезија на Рацин, Шопов и други, како и скромни подароци (книги, брошури и македонски пијалоци) за стотиците посетители.

На штандот беа присутни и амбасадорот на РСМ, Марјан Ѓорчев како и голем број амбасадори и директори на културни центри во Софија, а директорот на КИЦ, д-р Сашко Насев заедно со другите амбасадори и директори, беше претставен на главната бина на отвoрањето на самиот европски настан!

Европски ден на jазиците 2019 (фотографија)

Настани

26 Sep 2019 - 17:00
Европски ден на jазиците 2019 (банер)

Европскиот ден на јазиците, празник прогласен од Советот на Европа и поддржан од Европската унија на 6 декември 2001 година, оваа 2019 година во Софија ќе биде одбележан со манифестацијa во Националниот музеј „Земјата и луѓето“ (бул. „Черни врх“ 4) на 26 септември, со почеток од 17:00 часот...

Националниот музеј „Земјата и луѓето“, Софиja
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.