КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Европски ден на јазиците во Софија 2018

На 26 септември 2018 година, во просториите на Националниот музеј „Земјата и луѓето“ во Софија се одржа „Европскиот ден на јазиците“, манифестација од огромно значење за јавниот живот во бугарската престолнина, а во организација на Британскиот совет. Целта на оваа манифестација е да ги промовира и зближува јазиците кои се говорат и на нив се твори во Европа и ЕУ.

На самата манифестација учествуваа најголемите културни центри и амбасади во Софија. Покрај Британскиот совет, тука беа Францускиот, Шпанскиот, Рускиот, Португалскиот, Бугарскиот јазиков институт, Полскиот, Чешкиот, Македонскиот културен центар и амбасадите на Австрија, Унгарија, Словачка и други земји.

Самата манифестација имаше вкупно дваесет и еден национален штанд со изложени материјали од матичните земји. Нашиот штанд беше опремен со бројни каталози, дивидија, банер на КИЦ, како и перформанс со читање на стихови од Ацо Шопов и Кочо Рацин, со непосредно водство на актерот и режисер Ѓорги Ѓоргиев, кој предизвика огромно внимание и задоволство кај посетителите.

Европски ден на јазиците во Софија 2018 (фотографија)

Настани

26 Sep 2018 - 17:30
Европски ден на јазиците во Софија (фотографија)

По повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците, на 26 септември во Националниот музеј „Земјата и луѓето“ (бул. „Черни врх“ 4, Софија) со почеток од 17:30 часот, ќе се одржи манифестацијата на која ќе земат учество странските културни центри и амбасади во Софија, како и институти посветени на јазиците....

Национален музеј „Земјата и луѓето“
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.