КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Фестивал за модерни танци

Гостувањето беше дел од програмата на Културно-информативниот центар на РМ во Софија, која е поддржана од Министерството за култура на РМ. Настанот се одржа во рамките на деветтата едициј на танцови концерти организирани од фондацијата "Етуд" во соработка со центарот за култура "Црвената куќа".

Целта на овие концерти е да се промовира и поддржува современиот танц. Како дел од програмата настапуваат и етаблирани кореографи од бугарската сцена, како Галина Борисова, која е воедно иницијатор и организатор на настанот.

Во двете балетски претстави во авторство и кореографија на Искра Шукарова играа Викторија Илиоска, Бистра Делиниколова, Елена Ристеска-прва генерација дипломирани студенти од класата на Искра Шукарова како професор на катедрата за балетска педагогија при ФМУ. Музиката и изведбата во двете дела беше во придружба на гитара на авторот Валентин Димановски.

Фестивал за модерни танци (снимка)
Фестивал за модерни танци (снимка)
Фестивал за модерни танци (снимка)
Фестивал за модерни танци (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.