КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Филмови от Р. Македония на 7-мия МФФ

На 7 Меѓународен филмски Фестивал за културно наследство што се одржа од 11-18 Мај, под покровителство на Меѓународната Фондација "Професор Детев" и бугарското Министерство за култура, годинава во натпреварувачката официјална програма беа застапени 4 филмови од Р.Македонија. На 12 Мај, во пладневната програма беа прикажани филмовите "Самовилската вода", "Џоломари" и "Ниту ќе продолжи, ни ништо" чиј комплетен автор на сценарио, камера и режија е Владимир Боцев и во продукција на Музеј на Македонија. Од продукцијата на Музеј на Македонија а во авторство на Ирена Колиштркоска-Настева на 17 Мај, беше прикажан документарниот филм "Артефакти од македонската археологија ".

Фестивалската филмска програма и годинава се остваруваше во соработка со странски амбасади и културни центри во Софија, а освен Македонскиот Културно-информативен Центар, учесници на фестивалот беа Италијанскиот културен Институт, Унгарскиот културен институт, Полскиот Институт, како и Амбасадата на САД во Софија. Македонскиот дел од фестивалската програма го претставува директорот на КИЦ на Р.Македонија, Васко Шутаров.

Представяне на филми от Р. Македония на 7-мия МФФ (снимка)
Представяне на филми от Р. Македония на 7-мия МФФ (снимка)
Представяне на филми от Р. Македония на 7-мия МФФ (снимка)
Представяне на филми от Р. Македония на 7-мия МФФ (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.