КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

ИД "Макавеј", проект: Книжевен портрет на Бранко Цветковски

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и ИД „Макавеј“ - Скопје, на 15 октомври во 18:00 часот, во просториите на КИЦ се одржа книжевна вечер посветена на современиот македонски писател и литературен критичар Бранко Цветковски. На литературната вечер свое учество зедоа и познатиот бугарски поет и овогодишен лауреат на Струшките вечери на поезијата, Љубомир Левчев, поетот Петар Караангов и писателот и публицист Иван Гранитски.

Бранко Цветковски е роден 1954 година во с. Слатино, Охридско. Поет, литературен критичар, публицист, преведувач, издавач. Завршил Филолошки Факултет во Скопје. 
Бил новинар во "Нова Македонија", главен уредник на Книгоиздателството Култура, секретар на Друштвото на писатели на Македонија, претседател на Советот на "Рационовите средби", директор на Македонскиот народен театар, главен уредник на списанието Стремеж, еден е од основачите на Балканската книжевна фондација Балканика, основач и главен уредник на ИК Макавеј и на списанието Книжевно житие, член на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата и на Управниот одбор на Македонскиот ПЕН центар и почесен член на Сојузот на бугарските писатели. Работи како уредник-продуцент во македонската информативна агенција (МИА) во Скопје. 

Автор е на десетина книги поезија. Исто така Бранко е автор и на редица книги критики и есеи. Неговите дела се преведени и печатени на повеќе јазици. 
За своето творештво 
добитник е на голем број македонски и меѓународни награди и признанија.

ИД "Макавеј", проект: Книжевен портрет на Бранко Цветковски (фотографија)
ИД "Макавеј", проект: Книжевен портрет на Бранко Цветковски (фотографија)
ИД "Макавеј", проект: Книжевен портрет на Бранко Цветковски (фотографија)
ИД "Макавеј", проект: Книжевен портрет на Бранко Цветковски (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31