Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и ИД Макавеј од Скопје, на 13 и 14 мај се одржа Петата македонска книжевна визита во Софија, чие што одржување придонесува за преставувањето на современата македонската литература, нејзините дострели и современи автори пред бугарската јавност, како и за збогатувањето на меѓусебната соработка на македонските и бугарските писатели.
На 13 мај во 18 часот во КИЦ се одржа литературен портрет на современиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, за чие што поетско творештво беседа одржа поетот и критичар Санде Стојчевски. Истата вечер во 19 часот се одржа Вечерна средба со македонските поети Бранко Цветкоски, Славе Ѓорѓо Димовски, Иван Џепароски, Санде Стојчевски, Жарко Кујунџиски и други.
На 14 мај во 11 часот во КИЦ му беше врачена наградата „Македонски книжевен Дедал" на бугарски писател и преведувач -за особен придонес во афирмацијата на македонската литература во Р Бугарија, која што оваа година ИД Макавеј му ја додели на бугарскиот писател и преведувач Димитар Христов. За време на Визитата се одржи и тркалезна маса на тема: Бугарската и македонската литература во новиот милениум: процеси и тенденции. На трибината учествуваа научници и писатели од Р Македонија и Р Бугарија. Од Р Македонија учествуваа покрај поетите учесници на Визитата и Данило Коцевски (писател и критичар), д-р Наташа Аврамовска (книжевен научник), д-р Ангелина Бановиќ-Марковска (книжевен научник) и м-р Владимир Цветкоски главен уредник на ИД Макавеј. Од бугарска страна учествуваа Димитар Христов, Петар Караангов, Николај Шопов, Георги Гроздев, Роман Кисјов, Јулиан Жилчев, д-р Иван Христов итн.