КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

ИД "Макавеј", проект: Вечер посветена на д-р Зоран Тодоровски

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и ИД "Макавеј", на 23 фебруари во 18:00 часот, во просториите на КИЦ беше одржана вечер (портрет) посветена на современиот македонски автор и афирмиран научник од областа на историјата, д-р Зоран Тодоровски. На вечерта, за творештвото на Тодоровски говореа д-р Даринка Пачемска, Бранко Цветковски, Цочо Билјарски (Државен архив на Р.Бугарија) и д-р Александар Гребенаров (БАН), со посебен осврт на последните две книги од Тодоровски "Id Ego sum" и "Memento" (Македонски историски реминисценции).

Професор д-р Зоран Тодоровски е роден во Скопје 1950 година, дипломирал историја со историја на уметност на Филозофскиот факултет во Скопје, 1972 год. Во текот на 1981 год. магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје на тема "Дејствувањето на автономистичката ВМРО од 1918-1924 год.". На истиот факултет докторирал 1995 год. на тема "Внатрешната македонска револуционерна организација 1924-1934". 
Работел во Републичкиот комитет за култура (1975-1990), во ИНИ (1990-1999), од 1999-2002 е директор на Државниот архив на Р Мкедонија, од 2002-2006 повторно е на работа во ИНИ, а од 2006 година до денес  е директор на Државниот архив на Р Македонија.
Тодоровски е автор на над сто научни трудови од кои дваесет книги  и зборници на документи, над 50-ет статии и прилози, 25 фељтони и 33 историографски прилози во периодиката, во кои што се третираат различни недоволно истражени личности и настани поврзани со постоењето и дејноста на повеќе македонски  револуционерни организации: ВМРО, ВМРО(об), МЕФО, Илинденската организација, ММТРО, МПО, како и други прашања од македонската историографија.

 

ИД "Макавеј", проект: Вечер посветена на д-р Зоран Тодоровски (фотографија)
ИД "Макавеј", проект: Вечер посветена на д-р Зоран Тодоровски (фотографија)
ИД "Макавеј", проект: Вечер посветена на д-р Зоран Тодоровски (фотографија)
ИД "Макавеј", проект: Вечер посветена на д-р Зоран Тодоровски (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30