КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба "Дали и ти си мигрант ?" на Дарко Талески во КИЦ на РСМ во Софиja

На 20 jуни 2019 година, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, беше отворена изложбата „Дали и ти си мигрант?“ на прилепскиот уметник Дарко Талески. Самата изложба е дел од програмата на Министерството за култура на РСМ и претставува пет тематски цеклини, за видови миграција од родната земја кон некаде, и опфаќа индивидуални судбини на миграни во изминатите сто години.

Петте плакати на Дарко Талески раскажуваат индивидуални приказни преку дигитален код на делата, со кој преку смартфоните на посетителите, се дознава се неговото видување на миграцијата во текот на балканските војни, граѓанската војна во Грција, Jугословенско-турскиот договор од педесеттите години на минатиот век, а вклучени се и две емигрантски современи приказни на уметник и историчар на уметноста од град Прилеп.

Творештвото на Талески секако е социјално ангажирано со интенција да смени нешто на подобро во животот на современиот човек, а секако и да ја отслика емоционалната состојба на оние кои го инспирирале. Во последниве две години тој со своите сликарско-изведувачки перформанси и изложби двапати е присутен во КИЦ во Софија и предизвикува внимание кај посетителите.

На изложбата покрај гости и пријатели на КИЦ имаше и гости од културниот живот на РСМ, колеги од Шпанија, како и претставници на самата емиграција од граѓанската војна во Грција кои изразија емоционален однос кон творештвото на Талески.

Настанот го отвори директорот на КИЦ, д-р Сашко Насев.

Изложба "Дали и ти си мигрант ?" на Дарко Талески во КИЦ на РСМ во Софиja (фотографиja)

Настани

20 Jun 2019 - 18:30
Изложба "Дали и ти си мигрант ?" на Дарко Талески во КИЦ на РСМ во Софиja (банер)

Уметноста на Талески слободно може да се дефинира како ангажирана бидејќи во неговото творештво тој реагира на карактеристични и несекојдневни ситуации, кои ја опишуваат човековата состојба и зборува во име на оној кој е немоќен. Како реакција на светската бегалска криза, уметникот Дарко Талески создал видео, кое...

ул. "Обориште" 7, Софиja
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.