КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба IMposter на Маријана Иванова, дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија

На 21 Мај 2019 година, во изложбениот простор на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, беше отворена изложбата ,,IMposter“ на Маријана Иванова. Изложба, која е дел проектот ,,Поврзување’’ на КИЦ на РСМ во Софија, беше отворена од директорот на КИЦ д-р Сашко Насев, д-р Иво Пецов и проф. Иван Газдов.  На отворањето присуствуваа многубројни посетители, љубители на плакатната уметност.

Изложбата опфаќа 23 плакати создадени за време на студиите во Националната Ликовна Академија во Софија, при катедрата ,,Плакат и визуелна комуникација‘‘. Седум од плакатите се од додипломските студии на авторката и се инспирирани од романите на нобеловецот Херман Хесе. Истите беа дел од изложбата на летната академија во Дом Витгенштајн во Виена, Австрија во 2017 година, и дел од ,,IMposter” (2017, 2018) – првата самостојна изложба на Маријана Иванова. Останатите 16 се филмски плакати од магистерскиот проект на младата уметница.

Маријана Иванова е родена во Кочани, Северна Македонија на 14.06.1994 година.

Додипломските студии ги завршува на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија на катедрата ,,Плакат и визуелна комуникација’’ во 2017 година во класата на проф. Георги Јанков. Во 2019 година магистрира на истата катедра, смер – плакат, во класата на проф. д-р Иван Газдов.

Има учествувано на 79 групни изложби во 23 земји во светот, од кои 39 се изложби од интернационални конкурси за плакат, селектирани од страна на врвни светски плакатисти и дизајнери. ,,IMposter – Поврзување‘‘ ќе биде нејзината седма самостојна изложба, по претставувањата во Виница, Кочани и Штип (Северна Македонија) и во Благоевград (Бугарија), во рамите на изминатите две години.

Добтник е на 5 награди:

- 2019 – Прва награда на конкурсот за плакат на Биеналето за дизајн во Перу, во артистичната категорија – Лима, Перу

- 2018 – Пофална награда на конкурсот „Идентичност на симболи и бои“, соработка помеѓу НХА – Софија и Академијата за убави уметности Брера – Милано, Италија – Софија, Бугарија

- 2018 – ПРВА НАГРАДА на конкурсот за плакат „Работа во 2030 г.“ – Потсдам, Германија

- 2017 – ВТОРА НАГРАДА на конкурсот за плакат на тема: „70 години Димитровград. Првите 70 како почеток“ – Димитровград, Бугарија

- 2012 – ВТОРА НАГРАДА на V МЛАДИНСКИ ПРОЛЕТЕН САЛОН – (Национална галерија на Македонија, Чифте амам), Скопје, Македонија

Настани

21 Мај 2019 - 10:30
Изложба IMposter на Маријана Иванова, дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија (банер)

На 21 Мај (вторник) 2019, во изложбениот простор на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, ќе биде отворена изложбата ,,IMposter“ на Маријана Иванова. Изложба на младата уметница е дел проектот ,,Поврзување’’ на КИЦ на РСМ во Софија и се состои од плакати од нејзините дипломските...

ул. „Обориште“ 7, Софија
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.