КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja

ул. "Александар Стамболиски" 10, Банкja
28 Мај 2019 - 18:30
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Арт Центар Банкja (банер)

Во Арт Центар Банкја во Софија, на 28 Мај (вторник) со почеток од  18.30 часот,  ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автори од Северна Македонија и Бугарија.

Неколкугодишниот проект „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија, оваа 2019 година, се прошири и збогати со групна тематска изложба, за чија подготовка и остварување помогнаа кураторите од  Северна Македонија и Бугарија – Горанчо Георгиевски и Свилен Стефанов. По неколкугодишното заедничко делување и дружење, авторите Марјан Ѕин, Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски,  Маријана Иванова, Перица Георгиев и Иво Пецов, кои се од Северна Македонија, но живеат и работат во Бугарија, изразија желба за проширување на проектот, во кој се вклучија еминентни ликовни автори од двете земји. Идејата, за поврзување на творештвата на авторите од двете земји, наиде на поддршка од страна на Министерството за култура на РСМ. Реализацијата на изложбата во Банќа – Софија е во партнерство со Арт Центар Банќа.

Заедничката изложба на седум уметници иницијатори на проектот Поврзување, кој во случајов е надграден под насловот Интеграција на идентитети, седум уметници од Бугарија и седум уметници од Северна Македонија (Шќипе Мехмети, Роберт Јанкулоски, Ацо Станкоски, Беди Ибрахим, Исмет Рамиќевиќ, Атанас Ботев и Колектив Зеро – повеќето од овие уметници се значајни за промените на мислата и концептот во современата македонска уметност)  за своја основна предлошка ги има комуникацијата, пријателството, разбирањето и пред се љубовта кон уметноста.  Оваа изложба носи во себе редица на различности, но и сродности во авторовата мисла, во опстојување на феноменот на ликовното, без разлика од каде потекнуваат или каде го образувале своето творештво. Уметниците кои не познаваат граници, секогаш наоѓале начини и одржувале контакт со себе блиските уметници. Концептот “уметник-уметник” не е нов, но во овој случај уметниците директно водат меѓусебен дијалог со што покренуваат низа прашања: Сепак уметноста е сосема нешто друго, нешто што е пред/надвор од дневната политика, т.е., уметниците се она што се – уметници, обединети според принципот “уметност заради уметност”, а тоа е девизата за долгорочно пријателство и интегрирање кое не познава граници....

Претставени се делата и на уметниците кои се вреднувани како едни од најкреативните во современата бугарска уметност: Генади Гатев, Десислава Христова, Иван Ќуранов, Лилјана Караџова, Росен Тошев и двојката Nina/Vale. За овие автори со сигурност може да се каже дека имаат значаен придонес во процесот на промената на бугарската уметност и нејзиното ново разбирање во сите области – од сликарството до дигиталните уметности. Некои од нив секогаш работеле самостојно (Д. Христова графика и Л. Караџова фотографија), а други доаѓаат од групи кои станале познати уште во 90-те години, како софиската XXL (Г. Гатев, И. Ќуранов, Р. Тошев). Во насока на видео арт работи истакнатиот во Франција и Бугарија арт дует Nina/Vale (Нина Ковачева и Валентин Стефанов). Секој од овие автори поседува докажан комплексен пат во уметноста.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30