КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Мала станица, Скопjе

Национална галериjа на Македониjа - Мала станица, ул. „Jордан Миjалков“ 18, Скопjе
26 Jul 2019 - 20:00
Изложба „Интеграциja на идентитети“ во Мала станица, Скопjе (банер)

Во објектот Мултимедијален центар „Мала станица“ на Национална галерија - Скопје, на 26 Jули (петок) со почеток од  20.00 часот,  ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автори од Северна Македонија и Бугарија. Претходно оваа изложба, која е иницирана од ликовната група уметници „Конекција“ и е продуцирана од КИЦ на РСМ во Софија, беше претставена пред културната публика во Пловдив – градот Европска престолнина на културата за 2019 година и во главниот град на Бугарија, Софија.

Ликовната група уметници „Конекција“  претходните неколку години наназад направи изложби во речиси сите поголеми градови во Бугарија, а оваа 2019 година концептот на групната изложба се прошири со нови автори и збогати со тематска насока.  По неколкугодишното заедничко делување и дружење, авторите Марјан Ѕин, Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски,  Маријана Иванова, Перица Георгиев и Иво Пецов, кои се од Северна Македонија, но живеат и работат во Бугарија, изразија желба за проширување на проектот, во кој се вклучија еминентни ликовни автори од двете земји. Идејата, за поврзување на творештвата на авторите од двете земји, наиде на поддршка од страна на Министерството за култура на РСМ. Во подготовките и остварувањето на проектот помогнаа кураторите од  Северна Македонија и Бугарија – Горанчо Георгиевски и Свилен Стефанов.

Заедничката изложба на седум уметници иницијатори на проектот „Поврзување“, кој во случајов е надграден под насловот „Интеграција на идентитети“, седум уметници од Бугарија и седум уметници од Северна Македонија (Шќипе Мехмети, Роберт Јанкулоски, Ацо Станкоски, Беди Ибрахим, Исмет Рамиќевиќ, Атанас Ботев и Колектив Зеро – повеќето од овие уметници се значајни за промените на мислата и концептот во современата македонска уметност)  за своја основна предлошка ги има комуникацијата, пријателството, разбирањето и пред се љубовта кон уметноста.  Оваа изложба носи во себе редица на различности, но и сродности во авторовата мисла, во опстојување на феноменот на ликовното, без разлика од каде потекнуваат или каде го образувале своето творештво. Горанчо Георгиевски, во својот текст кон изложбата, ја изразува и тезата дека уметниците кои не познаваат граници секогаш наоѓале начини и одржувале контакт со себе блиските уметници. Концептот “уметник-уметник” не е нов, но во овој случај уметниците директно водат меѓусебен дијалог со што покренуваат низа прашања: Сепак уметноста е сосема нешто друго, нешто што е пред/надвор од дневната политика, т.е., уметниците се она што се – уметници, обединети според принципот “уметност заради уметност”, а тоа е девизата за долгорочно пријателство и интегрирање кое не познава граници....

Претставени се делата и на уметниците кои се вреднувани како едни од најкреативните во современата бугарска уметност: Генади Гатев, Десислава Христова, Иван Ќуранов, Лилјана Караџова, Росен Тошев, двојката Nina/Vale, како и Свилен Стефанов кој е еден од кураторите на изложбата и автор на еден од текстовите во каталогот. Тој за овие автори вели, дека со сигурност може да се каже дека имаат значаен придонес во процесот на промената на бугарската уметност и нејзиното ново разбирање во сите области – од сликарството до дигиталните уметности. Некои од нив секогаш работеле самостојно (Д. Христова графика и Л. Караџова фотографија), а други доаѓаат од групи кои станале познати уште во 90-те години, како софиската XXL (Г. Гатев, И. Ќуранов, Р. Тошев). Во насока на видео арт работи истакнатиот во Франција и Бугарија арт дует Nina/Vale (Нина Ковачева и Валентин Стефанов). Секој од овие автори поседува докажан комплексен пат во уметноста.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30