КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба "Концепти за урбани пеjзажи" на Катерина Деспот и Васка Сандева во КИЦ на РСМ во Софиja

На 12-ти Септември 2019 година, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија, се отвори изложбата „Концепти за урбани пејзажи“ на авторките од Северна Македонија, Катерина Деспот и Васка Сандева.

Изложбата е дел од програмата за 2019 година на нашето Министерство за култура и претставува 14 колажи и паноа кои се уметнички приказ на урбаната средина која што, освен практична има и естетичка функција во градењето на урбаната архитектура и градскиот пејсаж на паркови, плоштади, споменици итн.

На самата изложба, која беше многу посетена, имаше гости од општествениот и јавниот живот на град Софија, дипломати, новинари, колеги уметници и пријатели на КИЦ. Во многу позитивна атмосфера на отворањето на настанот зборуваа директорот на КИЦ на РСМ во РБ, д-р Сашко Насев, авторките Катерина Деспот и Васка Сандева, а присутните гости ги поздрави и амбасадорот на РСМ во РБ, Марјан Ѓорчев.

Многуте присутни го поздравија почетокот на есенската  сезона на уметничката програма на КИЦ на РСМ во Софија и се во очекување на големиот број концерти на класична музика, литературни промоции и изложби во текот на преостанатите месеци на 2019 година.

Изложба "Концепти за урбани пеjзажи" на Катерина Деспот и Васка Сандева во КИЦ на РСМ во Софиja (фотографиja)

Настани

12 Sep 2019 - 18:30
Изложба "Концепти за урбани пеjзажи" на Катерина Деспот и Васка Сандева во КИЦ на РСМ во Софиja (банер)

На 12 септември 2019 година, со почеток 18.30 часот, во галериjата на КИЦ на РСМ во Софиja ќе биде отворена изложбата „Концепти за урбани пеjзажи“ на Катерина Деспот и Васка Сандева.

Колажот е избран како специјално изразно средство во пејзажните композиции...

ул. "Обориште" 7, Софиja
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.