КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Изложба "Концепти за урбани пеjзажи" на Катерина Деспот и Васка Сандева во КИЦ на РСМ во Софиja

ул. "Обориште" 7, Софиja
12 Sep 2019 - 18:30
Изложба "Концепти за урбани пеjзажи" на Катерина Деспот и Васка Сандева во КИЦ на РСМ во Софиja (банер)

На 12 септември 2019 година, со почеток 18.30 часот, во галериjата на КИЦ на РСМ во Софиja ќе биде отворена изложбата „Концепти за урбани пеjзажи“ на Катерина Деспот и Васка Сандева.

Колажот е избран како специјално изразно средство во пејзажните композиции на двете авторки. Пејзажот е претставен како неразделен сегмент на живеење на урбаната градска средина, ТОЈ како битен фактор на животната средина, амбиент кој плени во многу сегменти од секојдневното живеење.

Модерен или современ пристап во целосна реализација. Изборот на материјали представен од ликовен аспект се движат во насока на дизајнерски и дендролошки проект. Во еден циклус за пејзажна архитектура  потребни се могу коцки од мозаикот за да се создаде урбана пејзажна средина т.е едно ЦЕЛО. Од една линија со која може да се постигне се до прошетки во пејзажна средина.

Колоритот е суптилност во четирите годишни времиња, а уште повеќе во вечерните...

Катерина Деспот е родена 1977 година во град Прилеп, Северна  Македонија. Завршува специјалност Индустриски дизајн (2001) во Националната ликовна академија во Софија, Бугарија. Своето образование го продолжува во истата институција, каде во 2005 година се стекнува со титулата доктор на науки. Во 2018 година завршува пост-докторски студии (специјализација) на тема “Влијанието на паркoвата уметност врз развојот на модерната паркова композиција”. 

Од 2009 година до моментов вработена како професор на Универзитет Гоце Делчев – Штип,  доцент и раководител на катедра (2009) на Факултет за природни и технички науки – катедра Архитектура и дизајн, професор и декан (2015) на Ликовната академија. Член е на факултетскиот и универзитетскиот состав од 2009 година до моментот.

Автор на повеќе од 110 научни разработки (публикации, статии, проекти). Разработени независно и публикувни три книги “Историја на пејзажната архитектура” (2013), “Индустриски дизајн” (2014), “Теорија на композиција во пејзажната архитектура”(2013).

Катерина Деспот има реализирани самостоjни изложби и учества на неколку групни изложби

Васка Сандева е родена 1982 г. во град Кочани, Северна Македонија. Завршува специјалност Пејжазна архитектура (2005), степен Магистер на Факултет за екологија и пејзажна архитектура при Шумарскотехнички универзитет во Софија, Бугарија. Своето образование го продолжува во истата институција, каде во 2009 година се стекнува со титулата доктор на науки. Во 2018 година завршува пост-докторски студии (специјализација) на тема “Уметнички принципи на паркова уметност како фактор за уредување на улиците во градовите на Република Македонија”. 

Од 2010 година до моментов е вработена како професор на Универзитет Гоце Делчев – Штип,  доцент (2010) на факултет за природни и технички науки – катедра Архитектура и дизајн, професор (2015) на Ликовната академија.

Автор на повеќе од 100 научни разработки (публикации, статии, проекти). Разработени независно и публикувни три книги “Историја на пејзажната архитектура” (2013), “Индустриски дизајн” (2014), “Теорија на композиција во пејзажната архитектура” (2013).

Учествува на неколку групни и самостојни изложби. Во 2017 година ја представува и својата прва стручно уметничка изложба "Пејзажни размислувања" (Landscape considerations).

Share

Настани

  • 24 Oct 2019 - 18:30
    Промоција на книгата „Ервехе“ од Луан Старова во КИЦ - Софија (банер)

    Исполнета со многу љубов и топлина, оваа книга е за една мајка која го посветила својот живот на преживувањето на нејзините деца и семејство. Нејзината судбина е индикативна на фонот на големите катаклизми на Балканот во ХХ век, кога границите меѓу државите се менуваат, власта се променува, се создаваат и паѓаат...

    КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
  • 28 Oct 2019 - 18:30
    Концерт „Есенски ноти“ на Трио Аура во КИЦ на РСМ во Софија (банер)

    Триото АУРА го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како...

    КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
  • 29 Oct 2019 - 18:30
    Фотоизложба „Животот во Хавана“ на Роберто Брсакоски во КИЦ на РСМ во Софија (банер)

    На 29 октомври 2019 година, со почеток од 18:30 часот во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија, ќе биде отворена изложбата „Животот во Хавана“ на Роберто Брсаковски од Скопје. Посетителите ќе имаат можност да видат околу четириесетина дела од фотографската уметност. Делата се создадени во април 2017 година, по време...

    КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31