КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба "Концепти за урбани пеjзажи" на Катерина Деспот и Васка Сандева во КИЦ на РСМ во Софиja

ул. "Обориште" 7, Софиja
12 Sep 2019 - 18:30
Изложба "Концепти за урбани пеjзажи" на Катерина Деспот и Васка Сандева во КИЦ на РСМ во Софиja (банер)

На 12 септември 2019 година, со почеток 18.30 часот, во галериjата на КИЦ на РСМ во Софиja ќе биде отворена изложбата „Концепти за урбани пеjзажи“ на Катерина Деспот и Васка Сандева.

Колажот е избран како специјално изразно средство во пејзажните композиции на двете авторки. Пејзажот е претставен како неразделен сегмент на живеење на урбаната градска средина, ТОЈ како битен фактор на животната средина, амбиент кој плени во многу сегменти од секојдневното живеење.

Модерен или современ пристап во целосна реализација. Изборот на материјали представен од ликовен аспект се движат во насока на дизајнерски и дендролошки проект. Во еден циклус за пејзажна архитектура  потребни се могу коцки од мозаикот за да се создаде урбана пејзажна средина т.е едно ЦЕЛО. Од една линија со која може да се постигне се до прошетки во пејзажна средина.

Колоритот е суптилност во четирите годишни времиња, а уште повеќе во вечерните...

Катерина Деспот е родена 1977 година во град Прилеп, Северна  Македонија. Завршува специјалност Индустриски дизајн (2001) во Националната ликовна академија во Софија, Бугарија. Своето образование го продолжува во истата институција, каде во 2005 година се стекнува со титулата доктор на науки. Во 2018 година завршува пост-докторски студии (специјализација) на тема “Влијанието на паркoвата уметност врз развојот на модерната паркова композиција”. 

Од 2009 година до моментов вработена како професор на Универзитет Гоце Делчев – Штип,  доцент и раководител на катедра (2009) на Факултет за природни и технички науки – катедра Архитектура и дизајн, професор и декан (2015) на Ликовната академија. Член е на факултетскиот и универзитетскиот состав од 2009 година до моментот.

Автор на повеќе од 110 научни разработки (публикации, статии, проекти). Разработени независно и публикувни три книги “Историја на пејзажната архитектура” (2013), “Индустриски дизајн” (2014), “Теорија на композиција во пејзажната архитектура”(2013).

Катерина Деспот има реализирани самостоjни изложби и учества на неколку групни изложби

Васка Сандева е родена 1982 г. во град Кочани, Северна Македонија. Завршува специјалност Пејжазна архитектура (2005), степен Магистер на Факултет за екологија и пејзажна архитектура при Шумарскотехнички универзитет во Софија, Бугарија. Своето образование го продолжува во истата институција, каде во 2009 година се стекнува со титулата доктор на науки. Во 2018 година завршува пост-докторски студии (специјализација) на тема “Уметнички принципи на паркова уметност како фактор за уредување на улиците во градовите на Република Македонија”. 

Од 2010 година до моментов е вработена како професор на Универзитет Гоце Делчев – Штип,  доцент (2010) на факултет за природни и технички науки – катедра Архитектура и дизајн, професор (2015) на Ликовната академија.

Автор на повеќе од 100 научни разработки (публикации, статии, проекти). Разработени независно и публикувни три книги “Историја на пејзажната архитектура” (2013), “Индустриски дизајн” (2014), “Теорија на композиција во пејзажната архитектура” (2013).

Учествува на неколку групни и самостојни изложби. Во 2017 година ја представува и својата прва стручно уметничка изложба "Пејзажни размислувања" (Landscape considerations).

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28