КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба Конекција 2

На 11 Август во Центарот за културни иницијативи "Таралеж" во Велико Трново, беше отворена изложбата "Конекција 2". Седум македонски ликовни уметници кои работат во различни ликовни техники, од графика, масло на платно, текстил, скулптура, инсталации, пред две години се обединија во проектот "Конекција" и се претставија на исклучително посетена изложба во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија. Тоа беше повод, КИЦ на Р. Македонија повторно да го актуелизира овој концепт и да продолжи со организација на ликовни настани со оваа неформална група од талентирани и креативни ликовни уметници кои дипломираа на Академијата за ликовни уметности во Софија и во моментов живеат и работат во Бугарија. На првата од серијата ликовни изложби, која синоќа беше отворена во Велико Трново, се претставија Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Иво Пецов и Соња Димитрова од Виница, Горан Тричкоски од Делчево, Зоран Георгиев од Гевгелија и Иван Стоименов од Скопје.

Изложбата во Велико Трново ја отворија директорот на КИЦ на Р. Македонија Васко Шутаров и домаќинот на Галеријата "Таралеж" Лилјана Георгиева.

Велико Трново е бугарски кандидат за Европска престолнина на културата за 2019 година, во конкуренција со Софија, Пловдив и Варна.

Македонскиот културен Центар планира серијата изложби "Конекција 2" да продолжи и во други бугарски градови. Проектот е поддржан од нашето Министерство за култура.

Изложба Конекција 2 (снимка)
Изложба Конекција 2 (снимка)
Изложба Конекција 2 (снимка)
Изложба Конекција 2 (снимка)
Изложба Конекција 2 (снимка)
Изложба Конекција 2 (снимка)
Изложба Конекција 2 (снимка)
Изложба Конекција 2 (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.