КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Космички пејзажи 2“ на Дејан Иванов – Маргуш во Софија

Музеј „Борис Христов“, ул. „Цар Самуил“ 43, Софија
15 Jun 2022 - 18:00

Изложбата „Космички пејзажи 2“ на македонскиот ликовен уметник Дејан Иванов – Маргуш ќе биде претставена пред софиската публика на 15 јуни (среда) 2022, со почеток од 18:00 часот. Изложбата од околу 20 ликовни дела ќе ја исполни концертната сала на Национален Музеј „Борис Христов“, а самата изложба ќе биде отворена во присуство на авторот.

Ликовните дела, кои беа создадени пред пандемијата од Ковид-19, во 2019 и 2020 година беа претставени во град Пловдив. Неговите апстрактни, импулсивни и богати колористички дела, насликани со користење на акрилни бои и со комбинирање на дополнителни материјали за засилување на колористичката вибрација, сега ќе можат да се видат и од публиката во главниот град на Бугарија, Софија.

Изложбата во Музеј „Борис Христов“ во Софија ќе остане отворена за посетителите до 30 јуни 2022 година.

Дејан Иванов – Маргуш е роден во Скопје 1979 година. Дипломирал на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје 2005 година, во класата на проф. Јован Шумковски и проф. Рубенс Корубин.

Свои самостојни изложби има претставено во повеќе градови низ Северна Македонија, а исто така изложувал и во Србија, Германија и Бугарија. Учествувал на многу групни изложби во Северна Македонија, Србија, Хрватска, Чешка, Франција и САД.

Во својата биографија бележи три награди од групни претставувања, како и многубројни учества во колонии во Северна Македонија и надвор од неа.

Член е на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија од 2005 година, а подоцна станува и негов секретар.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28