КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба на Марјан Ѕингаров и Иво Пецов во Созопол

Во името на Македонскиот КИЦ во Софија, кој годинава достоинствено ја одбележува 20-годишната мисија на културна дипломатија, уметничка соработка и Македонската амбасада во Софија, во уметничката галерија во Созопол проф. д-р Зоран Пејковски ја отвори изложбата: „Графички коментари и сликарски реминисценции“ на Иво Пецов и Марјан Ѕингаров, која претставува културна ода на двајцата извонредни македонски ликовни уметници, кои со своето духовно творештво понудија еден силен внатрешен глас што е еден вид форма на естетска храброст.

„Да се зборува за Марјан Ѕингаров и Иво Пецов значи да се нурне длабоко во архитектурата на чувството, во филозофијата на линијата, во енергијата на бојата и во мистиката на празниот простор што повеќе открива отколку што сокрива. Нивните дела не се само слики или графики, тие се експресивни манифестации на душата, картографија на внатрешниот свет, трепети што го фаќаат пулсот на времето, всушност тие се одрази на една колективна уметничка меморија што не познава стилски граници.

Марјан Ѕингаров е еден од најрафинираните и најконзистентните поети на бојата во современата македонска ликовна сцена. Неговите живописни реминисценции се повеќе од визуелни сцени, тоа значи дека тие се емотивни полифонии, молчаливи исповеди, претчувства облечени во тонови и сеќавања претворени во движечки површини. Ѕингаров создава слики кои не само што се гледаат, туку се вдишуваат, кои не се замислуваат, туку се доживуваат, како еден вид молитви на платно, тивки, но моќни, деликатни, но неизбежни. Во секој негов потег има мисла што вибрира, спомен што се одмотува, тишина што пее. Тој е уметник кој го бара светото во секојдневното, метафизичкото во материјалното, универзалното во личното. Ѕингаров не слика, тој медитира, раскажува, односно тој пишува со четка една раскажувачка поезија.

Иво Пецов, пак, е визуелен хроничар на духовните дилеми на современиот човек. Неговите графички коментари се размислувања преточени во форма, интелектуално набиени, гестови на внатрешно сомневање и надворешна прецизност. Со дисциплина и внатрешна слобода, Пецов создава визуелни партитури на човечката состојба, во кои секоја линија носи со себе вибрација на потисната мисла, а секој тон е акорд на, не раскажаната емоција.

Неговите дела претставуваат аскеза и изобилство во една, контролирана естетска експлозија, која е сведоштво, дека и најтенките графички белези можат да носат тежина на векови. Иво Пецов е еден од оние уметници кои не се задоволуваат со површинскиот впечаток, тој копа длабоко, бара суштина, бара глас во молкот, бара форма во сонувањето.

Делата на Ѕингаров и Пецов, иако стилски различни, во суштина ја носат истата потреба, а таа е, да се биде искрен, да се биде човечен, да се биде вистински. Тие се две паралелни траектории низ еден заеднички космос: космосот на македонската современа уметност, на балканската културна истрајност, и на човечката духовна жед што трае низ вековите.

Во нивните платна и графики, модернизмот не е отуѓеност, туку блискост, апстракцијата не е бегство, туку прочистеност, а експресијата е внатрешен одглас. Тоа е уметност што не сака да ви се наметне, туку ве повикува, тивко и благородно, да ѝ се приближите, да ѝ дозволите да ве допре... Делата на Пецов и Ѕингаров се интелектуални и емотивни светилници, тие претставуваат и заштита на внатрешната мисла, на просторите во кои се раѓа нова надеж за визуелната култура...“

Настани

6 Jun 2025 - 18:00

На 6 јуни 2025, со почеток од 18:00 часот, во Уметничката галерија во град Созопол ќе биде отворена изложбата „Графички коментари и сликарски реминисценции“ на ликовните уметници Иво Пецов и Марјан Ѕингаров. Изложените дела – графики и слики претставуваат извадок...

Археолошки музеј, град Созопол
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30