КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Слобода?!“ – заедничка изложба на македонски и бугарски ликовни уметници во Созопол

На 5 јуни 2022 во Градската галерија во Созопол се отвори изложбата „Слобода?!“ на уметнички дела од 15 македонски и бугарски ликовни уметници: Беди Ибрахим, Јован Шумковски, Катерина Деспот, Срѓан Микиќ, Перица Георгиев - Пепси, Маријана Иванова, Зоран Мише, Иво Пецов, Павел Целкоски, Марјан Ѕингаров, Георги Јанков, Нина Русева, Свилен Стефанов, Васил Колев и Марија Алексиева. Настанот се организира од КИЦ на РСМ во Софија и е поддржан од Министерството за култура на РСМ.

Изложбата официјално ја отвори г-н Тодор Дамјанов, заменик-градоначалник на Општина Созопол, а пред него кон присутната публика се обратија: г-ѓа Александрина Исајлова, директор на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“, д-р Сашко Насев, директор на КИЦ на РСМ во Софија и д-р Иво Пецов, куратор на изложбата. На отворањето присуствуваа и дел од авторите: Марија Алексиева, Марјан Ѕингаров, проф. Катерина Деспот и проф. Срѓан Микиќ, кој пред присутната публика изнесе свој задлабочен експертски поглед кон изложбата и ликовната уметност.

Публиката од љубители на уметноста, ликовни уметници – учесници на Меѓународната колонија во Созопол, дипломати и новинари, изразија задоволство од настанот и квалитетот на ликовните дела.

Изложбата во Созопол ќе остане отворена за публиката до 20 јуни.

Настани

5 Jun 2022 - 18:00

На 5 јуни 2022 во Градска галерија во Созопол ќе биде отворена изложбата „Слобода?!“, составена од дела на македонски и бугарски современи ликовни уметници. Со оваа изложба КИЦ на Република Северна Македонија во Софија зема свое учество на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ кој по единаесетти пат се...

Градска галерија - Созопол
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31