КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Тектонски пореметувања“ на Зоран Арсовски - Бабата

На 3 октомври 2019 година, во галеријата на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија, Република Бугарија, беше отворена изложбата на Зоран Арсовски-Бабата, ликовен уметник од Куманово. Изложбата со наслов „Тектонски пореметувања“ претставува ангажирано сликарско дело во мал формат (10х10 см.) со вкупно шеесет и четири слики. Таа претходно гостувала во повеќе градови во Србија, а за прв пат е во Софија. Зоран Арсовски своето ликовно образование и магистратура го стекнал во Софија во 2007 година, а е член на ДЛУМ.

Самата изложба е дел од програмата на Министерството за култура на РСМ. Таа имаше добар одѕив во електронските медиуми во РСМ и РБ, а на свеченото отварање присуствуваа голем број колеги уметници на авторот, професори од Ликовната академија во Софија и пријатели на КИЦ од сите генерации.

Изложбата ја отвори д-р Сашко Насев и зборуваше за значењето на ангажираниот автор денеска, а на публиката и се обрати и Зоран Арсовски-Бабата кој изрази благодарност до МК на РСМ за можноста за прв пат самостојно да изложува свои дела во Софија.

Изложба „Тектонски пореметувања“ на Зоран Арсовски - Бабата (фотографија)

Настани

3 Oct 2019 - 18:30
Изложба „Тектонски пореметувања“ на Зоран Арсовски - Бабата (банер)

Изложбата „Тектонски пореметувања“ на македонскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата ќе биде отворена во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија на 3 октомври 2019 година, со почеток од 18:30 часот. По успешното претставување на изложбата во три српски града оваа...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.