КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Траг“ на Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски во Македонскиот КИЦ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
24 Мај 2025 - 18:30

По повод 24 Мај – празникот на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, во сабота со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот Културно-информативен Центар (КИЦ) во Софија, свечено ќе биде отворена заедничката изложба „Траг“ на визуелниот и мултимедијален уметник Стефан Анчевски од Куманово и вајарот Марјан Стојаноски од Прилеп.

Изложбата „Траг“ претставува современо уметничко истражување на концептот на трага - како физички белег, како емоционален отпечаток и како визуелна метафора. Преку иновативна употреба на комбинирани медиуми, апстрактни композиции, видео инсталации и тактилни структури, Анчевски и Стојаноски отвараат простор за интроспекција, визуелна интрига и длабоко лично доживување. Проектот ја истражува тенката линија помеѓу присуството и отсуството, светлината и темнината, спокојот и движењето – и ја претвора во ритмичен визуелен јазик што комуницира со секој гледач на уникатен начин.

Стефан Анчевски (1993, Куманово) е мултимедијален уметник кој работи во различни уметнички форми, вклучувајќи сликарство, скулптура, видео и концептуална уметност. Зад себе има 11 самостојни и над 150 групни изложби дома и во странство, а неговиот пристап постојано ја предизвикува границата меѓу медиумите и идејата.

Марјан Стојаноски (1983, Прилеп) е истакнат скулптор и член на повеќе уметнички здруженија. Со бројни изложби и награди зад себе, неговата работа се карактеризира со силен израз, втемелен во формата и материјалот, како и со препознатлива индивидуална естетика која допира до длабоките слоеви на човечкото искуство.

Изложбата е отворена за сите посетители и љубители на современата уметност, со цел да понуди нови перспективи за разбирање на уметничкиот јазик, трагите што ги оставаме и нивното значење во колективната и личната меморија.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30