КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Книгата „Преобразби“ од Владимир Мартиновски на Десеттата Европска Ноќ на Литературата

КИЦ на Република Северна Македонија во Софија, во склоп на манифестацијата Европска Ноќ на Литературата, на 12 мај 2021 ја претстави книгата „Преобразби“ од Владимир Мартиновски. Настанот се одржа во дворот на Музеј-куќата на Пејо Јаворов на ул. „Г.С. Раковски“ во центарот на Софија.

Публиката беше поздравена со добредојде од директорот на бугарскиот Национален Литературен Музеј Атанас Капралов, а потоа се претстави и авторот Владимир Мартиновски. Стиховите преведени на бугарски јазик од Роман Кисјов ги интерпретираа Ѓорги Георгиев – Антика и Игор Дамјанов, кои направија одличен спој меѓу поезијата и музиката.

Од 18.00 до 21.30 многубројна публика имаше можност да се запознае со делото на Мартиновски, со неговата книга поезија, во која се поместени и цртежи од преведувачот, поетот и ликовниот уметник Роман Кисјов. Публиката на секои 30 минути се менуваше и циркулираше меѓу останатите читателски места на странските културни центри и амбасади во Софија.

Истата вечер, оваа културна манифестација се одржа во други градови во Бугарија. Поезијата на Владимир Мартиновски беше читана во Монтана, Шумен, Варна и Русе.

Книгата „Преобразби“ од Владимир Мартиновски на Десеттата Европска Ноќ на Литературата (фотографија)

Настани

12 Мај 2021 - 18:00
Десеттата Европска Ноќ на Литературата (банер)

На 12 мај 2021 ќе се одржи десеттото издание на Европска Ноќ на Литературата. На настанот, кој ќе трае од 18:00 до 21:30 часот, КИЦ на РСМ во Софија ќе ја претстави книгата „Преобразби“ која содржи избрана поезија од македонскиот писател Владимир Мартиновски. Книгата, чиј превод го направи поетот и ликовниот...

Куќа-музеј на Пејо Јаворов, ул. „Г. С. Раковски“ 136, Софија
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30