КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

"Кокошка" по А. П. Чехов и Н. Кољада, премиера во Нов театар НДК, Софија

пл. "България" 1, НДК, София
16 Sep 2018 - 19:00

КОКОШКА

по А. П. Чехов и Н. Кољада

ПРЕТПРЕМИЕРА - 15 СЕПТЕМВРИ     I        ПРЕМИЕРА - 16 СЕПТЕМВРИ

сценска адаптација и постановка - Ана Батева

музика - Стефан Здравески

учествуваат: Василена Винченцо и Васил Дуев

 

Темата за слободниот дух на човекот е често среќавана во творештвото на Чехов. Така и нашите ликови – Нина Заречнаја и Александар Тимофеевич, заминуваат во главниот град, заљубувајки се и наоѓајки ја слободата во уметноста. Таму тие влегуваат во вителот на „вештачкото“ опкружување и лажните пријателства.

Но што се случува кога „слободата“ го напушти духот на човекот и се претвори во причина за невкусен однос, за дрзост кон тривијалната творечка изјава и живеењето, пропратено од материјализмот, од „надворешното“, од кичот и желбата за гласна слава? И сето тоа на секоја цена.

По тој повод Чехов би додал: „Многу ми е жал за овдешните луѓе – толку се несреќни сите, толку се осамени и толку ги има расипано зависта сите – цела несреќа! Родени робови, сите се умилкуваат, готови да ги бакнуваат нозете и да ги лижат петите на супериорните. Колку е тоа фалш и непотребно!“.

Николај Кољада има стекнато добро име и место во современата руска култура – нарекуван и споредуван со Чехов во наше време. Кољада говори со бескомпромисен јазик за сплетките во театарските средини, за отсуството на „култура“ во културата, за „еднодневните“ претстави и за потребата од критика. А можеби денес уметноста има неопходност точно од неа?

"КОКОШКА" е првата претстава на новосоздаденото здружение за театар и уметност - SPAM Studios. Со премиерата основачите имаат цел да го дадат почетокот на идни творечки трагања, кои би го определиле карактерот на здружението.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.