КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт на Македонскиот брас квартет во КИЦ во Софија

ул. „Обориште“ 7, Софија
10 Apr 2019 - 18:30
Концерт на Македонскиот брас квартет во КИЦ во Софија (банер)

Македонскиот брас квартет ќе настапи во КИЦ на РСМ во Софија на 10 Април (среда) со почеток од 18:30 часот. Квартетот, составен од музичарите Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), Горан Јанев (хорна) и Владан Дробицки (тромбон), ќе изведе дела од Џеремаја Кларк, Георг Фридрих Хендл, Хенри Персел, Џованни Франческо Анерио, Џузепе Верди, Морис Равел, Волфганг Амадеус Моцарт, Николај Римски – Корсаков, Астор Пијацола, Александер Алјабиев и Скот Џоплин.

Македонскиот брас квартет, основан во 2013 година и составен од четворица колеги, вработени во Македонска Опера и Балет, има настапувано ширум градовите на Македонија: во Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово Берово и Скопје, во склоп на фестивали и самостојни концерти.

Стојанче Косовски е прв трубач во македонската опера и балет од 2005 година хонорарно соработувал со Битолската камерна опера, Македонската филхармонија, Градските оркестри на Битола и Скопје, проектански оркестри од Австрија и Белгија.

Александар Златески е трет трубач со прв пистон во Македонската Опера и Балет, хонорарно соработува со градскиот оркестар, Македонска филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.

Горан Јанев е прв хорнист на Македонската Опера и Балет, хонорарно соработува со Македонска Филхармонија, проектански оркестри од Бугарија и оркестарот за филмска музика Fames  Скопје.

Владан Дробицки е прв тромбонист на Македонската Опера и Балет , хонорарно соработува со градскиот оркестар на Скопје, Македонската филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31