На 24 ноември во Музичкиот центар "Борис Христов" во Софија, свој целовечерен концерт имаше познатата македонска пијанистка Даница Стојанова. НА програмата беа изведени дела од македонски композитори Ристо Аврамовски- "Прва исповедна молитва", Томислав Зографски - "Свита за пијано" и Гоце Коларовски - "Свита за пијано", како и од Фредерик Шопен "Мазурки оп. 24" и Николај Медтнер "Соната реминесценца Оп.38 бр. 1" Стојанова со својата интерпретација измами долги аплаузи а на бис ја исполни "Елегијата" од Сергеј Рахмањинов.
Даница Стојанова пред публиката во Центарот ја претставија и поздравија Елена Драгостинова, од име на Музичкиот центар "Борис Христов" и Васко Шутаров од име на македонскиот Културно-информативен центар, кој беше и организатор на овој концерт.