КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија

На 23 Април 2019 година, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, се одржа камерен концерт на триото „Џентлмен“ од Скопје. Концертот е дел од годишната програма на Министерството за култура, одобрена за КИЦ во Софија.

Триото го сочинуваат Јане Дунимаглоски на гитара и вокал и Кристијан Антовски и Дејан Стоев. Тоа се професионални оперски уметници кои веќе имаат настапувано на домашната и странските музички сцени. Сепак, ова беше наменски составен репертоар за нивниот софиски концерт.

Самиот настан во галеријата на КИЦ помина извонредно. Со бурни аплаузи и одушевување на публиката, нашите пејачи приредија вистинско освежување исполнувајќи редица шлагери од Кире Костов, Леб и сол, Џими Фонтана и обработени народни македонски песни. Со својот автентичен и сценичен настап тројцата млади исполнители веднаш добија покана за идни настапи во Бугарија.

На концертот присуствуваа гости од дипломатскиот кор, професионални музичари, уметници и пријатели на КИЦ на РСМ во Софија.

Настанот го отвори директорот на КИЦ , д-р Сашко Насев.

Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија (фотографија)
Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија (фотографија)
Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија (фотографија)
Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија (фотографија)
Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија (фотографија)
Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија (фотографија)

Настани

23 Apr 2019 - 18:30
Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија

На концертот ,,За Дамата” на Трио Џентлмен ќе бидат изведени македониски композиции, евергрини, македосни народни песни и италијански канцони, аранжирани за триото. Композициите ќе бидат изведени во придружба на гитара.

Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев - тенор,...

ул. „Обориште“ 7, Софија
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.