КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија

ул. „Обориште“ 7, Софија
23 Apr 2019 - 18:30
Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија

На концертот ,,За Дамата” на Трио Џентлмен ќе бидат изведени македониски композиции, евергрини, македосни народни песни и италијански канцони, аранжирани за триото. Композициите ќе бидат изведени во придружба на гитара.

Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев - тенор, Кристијан Антовски - баритон и Јане Дунимаглоски - тенор. По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат пред својата публика.

На нивниот репертоар, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво. За ова кратко време колку постојат (околу четири години) имаат настапувано низ целата земја (Скопје, Охрид, Струга, Битола, Радовиш, Виница, Штип, Пробиштип и др.) со свои целовечерни концерт како и дел од големи манифестации во нашата држава, а и надвор од неа.

Во 2015 год. на Балканската „Романсијада", фестивал кој се одржа во Софија, Р. Бугарија освоија 1-во место со награда за ,,професионалност и оригиналност“. Септември 2018 година, учество на меѓународниот фестивал "Златен костен" во Петрич, Р. Бугарија и освоено 2-ро место од стручното жири. Учество на фестивалот за забавана музика МакФест 2016 и 2018 година во градот Штип. Учество на Фестивалот „Охридски Трубадури“ 2014, 2017 и 2018 год., каде последната година освојуваат 2-ро место, од стрчното жири на Поп и Интернационалната вечер. Заеднички настапи со оркестарот на Македонската опера и балет и Битолскиот камерен оркестар на неколку Гала концерти. Трио Џентлмен биле дел од повеќе значајни манифестации кои се одржуваат во нашата земја.

Различни ги прави тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук итрепетиран од тројца оперски пеачи.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31