КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт „Современа фантазија“ на Маја Митровска, Марина Коруновска и Александра Јанковска

ул. „Обориште“ 7, Софија
20 Nov 2018 - 18:30
Концерт „Современа фантазија“ на Маја Митровска, Марина Коруновска и Александра Јанковска (банер)

Во салонот на КИЦ на РМ во Софија, на 20 ноември 2018 со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи концертот со наслов „Современа фантазија“.

Певиците Маја Митровска и Марина Коруновска, и нивната придружба на пијано от Александра Јанковска ќе ги претстават делата на подеднакво застапените во програмата на концертот македонски и бугарски композитори. Пред љубителите на класичната музика и вокалното творештво, како и сценско-музичкото, кое се потпира врз богатите вредности на фолклорот, ќе бидат изведени арии, дуети и дела за пијано од композиторите Георги Златев, Тодор Скаловски, Кирил Македонски, Трајко Прокопиев, Панчо Владигеров, Иван Маринов, Давор Неќак, Љубомир Бранѓолица, Љубомир Пипков, Борјан Цанев и Сотир Голабовски, а исто така премиерно ќе биде претставена новокомпонирана соло песна.

Маја Митровска и Марина Коруновска често настапуваат самостојно, но исто така и како дует. Покрај гостувањата како дуо на повеќе културни збиднувања во Битола, имаат одржано и два целовечерни концерти. Нивниот проект со наслов „Гершвин како инспирација” е поддржан од Министреството за култура и е одржан во повеќе градови низ Република Македонија. Концертите на овие две певици се интересни, заради атрактивноста на препознатливите дела за широката публика и сценскиот настап. Нивната соработка со пијанистката Александра Јанковска започна пред неколку години, а за проектот „Современа фантазија“ секојдневно музицираат и работат на својата уметничката доизградба.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30