КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концертот на Дуо Лазаревски-Крстев

Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, на 29 септември во 19,30 часот, беше домаќин и организатор на концертот на Дуо Лазаревски-Крстев. Владимир ЛАзаревски на обоа и Владимир КРстев на виолина, пред публиката во Софија се претставија со одбрани музички дела од G. Ph. Telemann, Carl Philipp Bach, Johan Quantz.

Владимир Лазаревски музичкото образование го има стекнато на Музичката академија "Панчо Владигеров" во Софија, каде има и магистрирано и докторирано. Во моментов е професор на Музичката академија на Универзитетот во Штип. НАстапува со Македонската Филхармонија., Симфонискиот оркестар на МАкедонското радио и со други музички формации, на бројни концерти во Македонија но и Австрија, САД, Велика Британија, Полска, Луксембург. Носител е на наградата "Виртуози" (2012) како член на квартетот "Music progresive" како и на наградите "Alegro Vivo" 2002 во Австрија и наградата од натпреварот "Earth and People" во Бугарија.

Владимир Крстев своето музичко образование го стекнува на Музичката академија во Скопје, каде дипломирал во класата на проф. Зоран Димитровски. Има настапувано на бројни музички формации, "The Bahus Ensemble", Central European Initiation Orchestra, Гермнскиот симфониски оркестар од Алтенбург, со оркестарот на Македонската Филхармонија. Учествувал на бројни значајни концерти и низ Бугарија, Турција, Шведска, Полска, Франција, Австрија, Португалија. Значајни се и неговите учества во "Mitan project", "Project Zlust", како и во снимањето на филмската музика за филмовите Големата вода и Балкан-кан.

Македонските музички уметници Лазаревски и Крстев пред публиката во Софија ги претстави директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров, а концертот кој е дел од музичката годишн програма на КИЦ во Софија финансиски е поддржан од Министерството за култура.

Концертот на Дуо Лазаревски-Крстев (снимка)
Концертот на Дуо Лазаревски-Крстев (снимка)
Концертот на Дуо Лазаревски-Крстев (снимка)
Концертот на Дуо Лазаревски-Крстев (снимка)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.