
Познатата македонска музичка група Фолтин гостува во Софија на 6 јуни 2025, со концерт во реномираниот концертен клуб Строежа. Почетокот е во 22:30 часот, а концертот ќе биде целовечерен и ќе се изведуваат композиции кои Фолтин ги создавале низ својата 30 годишна кариера. Ова е прв концерт на групата оваа година во Бугарија. Низ годините Фолтин има создадено своја публика настапувајќи на бројни фестивали низ Бугарија и тоа: Банско Џез Фестивал, Аполонија Фастивал - Созопол, Фестивалот на Монодрама - Благоевград, Франкофоли - Благоевград, Wake Up - Пловдив, Капана Фест - Пловдив, Кутротово Конаре Фест, како и бројни настапи во реномираните концертни клубови и сали низ целата држава.
ФОЛТИН
Фолтин е една од најпознатите групи од Македонија. Постои од 1997 година. Зад себе има осум самостојни албуми, музика за преку дваесет театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Израел, Русија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.
Музиката на ФОЛТИН обично се опишува како духовита, старасна, со жешка танцувачка атмосфера. Освен на македонски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. ФОЛТИН себеси се опишуваат како ПСЕВДО-ЕМИГРАНТСКО КАБАРЕ.
ЧЛЕНОВИ НА БЕНДОТ:
Пеце Николовски - кларинет и усна хармоника, Бранислав Николов - гласни и други жици, Пеце Трајковски - Брада – дирки, гитара, перкусии Гоце Јованоски – бас, Славчо Јовев – тапани, Маријан Станиќ - удиралки
ДИСКОГРАФИЈА:
- СИМУЛТАН БАКНЕЖ (ОХО, Скопје) 2021
- МОМОМА (Х.М.А.), 2019
- ПИЈАН СЛАВЕЈ (Центар за Култура, Битола), 2015
- АНАТИТЕЛО (МКЦ, Скопје), 2012
- PENELOPE X (Литиум / Filter), 2011, со Никола Коџабашијa, Г. Стевковски
- ОВАА ТРАНСПЛАНТИРАНА МАШИНА ЗА ЧУКАЊЕ ДОСЕГА НЕ ТИПКАЛА ЉУБОВНО ПИСМО (КИЦ-
Скопје), 2008
- LО-LЕЕ-TА-TОО 2005 (Ding-Dong), 2005
- DONKEY HOT (Кукузел), 2003
- ARCHIMED (MAG), 2000
- OUTRE-MER (SJF records), 1998