КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Македонскиот КИЦ во Софија учествуваше на Меѓународниот книжевен фестивал „Свето слово“ во Бургас

Во рамките на интензивната културна дипломатија, која е еден од клучните приоритети на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, се реализираат бројни активности кои придонесуваат за продлабочување на културните врски меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Културната соработка и размена се темелите врз кои се гради меѓусебното почитување, разбирање и афирмација на македонскиот културен идентитет во регионот и пошироко. Во таа насока, Македонскиот КИЦ во Софија беше поканет на Меѓународниот книжевен фестивал „Свето слово“ во Бургас – еден од најзначајните литературни настани во Бугарија. Како дел од програмата за поддршка на фестивали, Македонскиот КИЦ во Софија беше присутен на свеченото отворање на фестивалот, каде што ја истакна важноста на книжевната размена како алатка за унапредување на културната соработка. Во таа пригода, како директор на Македонскиот КИЦ во Софија, им доделив благодарници „Мостови на културата“ на две истакнати авторки – Наталија Недјалкова и Роза Бојанова. Тие, покрај тоа што се признати поетеси, се и посветени преведувачи кои имаат значаен придонес во афирмацијата на македонската литература во Бугарија. Со својата посветена работа, тие преведоа и препеаа голем број македонски поети и писатели, приближувајќи ги македонските книжевни вредности до бугарската публика. Оваа културна активност е дел од поширокиот континуиран ангажман на Македонскиот КИЦ во Софија за поттикнување и промовирање на македонската култура, литература и уметност преку градење на живи, одржливи и пријателски културни мостови со соседството. Преку овие активности, Македонскиот КИЦ во Софија останува посветен на својата мисија да биде активен промотор на културниот дијалог, меѓусебното запознавање и културната размена, како суштински елементи на современата културна дипломатија.

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30