КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Македонските џез формации Taxi Consilium и Kanton6 дел од Alarma Punk Jazz 2022 во Софија лајв клуб

Софија лајв клуб
12 Jan 2022 - 20:00

На 12 јануари 2022 во Софија лајв клуб со концерт на современите џез формации Taxi Consilium (РСМ), Kanton6 (РСМ) и Noise Linguistix (РБ) ќе започне Alarma Punk Jazz.

Концертот е со фокус врз новата македонска џез сцена, со учество на фри џез квартетот Taxi Consilium (Филип Букршлиев – гитара, Андреа Мирческа – контрабас, Благојче Томевски – кларинет и бас кларинет, Драган Теодосиев – тапани) и електро-етно џез триото Kanton 6 (Мирко Попов – електроника и глас, Владан Дробицки – тромбон и Синиша Евтимов – електроника и гитара).

Двете групи се дел од музичката етикета на PMG Jazz (Скопје), кој за последните 3 години издаде 30 албуми со нова македонска џез музика, а наскоро го планира продуцирањето и на групи од поширокиот балкански регион. Како дел од триото Kanton6, во Софија доаѓаат двајцата продуценти и креатори на издавачката куќа Владан Дробицки и Мирко Попов, а третиот музичар во групата, Синиша Евтимов, познат на публиката во Република Северна Македонија најмногу со неговите успеси на театарската сцена. Музичарите се во основата на организацијата на младиот, но доста солидно посетен фестивал „Краj Вардарот Jazz” во 2020 и 2021 год.

Во квартетот Taxi Consilium свират двајца од носителите на Наградата за најдобар млад македонски џез музичар на годината – контрабасистката Андреа Мирческа (за 2019 год.) и гитаристот и лидер на групата Филип Букршлиев (за 2021 год.).

Домакини од бугарска страна се дуото Noise Linguistix (Михаил Иванов – контрабас и Александар Логозаров – гитара), кои свират во слична стилистика и ги носат карактеристиките на истата таа поширока нова балканска џез сцена, на чијшто процут сме сведоци во последните години.

Вратите на клубот се отвораат во 20.00 ч., а концертот ќе започне точно во 21.00 ч.

Повеќе информации за настанот, како и за билетите за концертот на следниот линк: https://www.facebook.com/events/1245636372583843

 

 

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31