КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Македонско етнолошко друштво - Скопје, проект: Македонски етнолошки филм

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и Македонското етнолошко друштво, а со учество и на Дирекцијата за култура на градот Софија, на 4 мај во 18:00 часот, во просториите на КИЦ се одржа Вечер посветена на македонски етнолошки филмови и нивна проекција. На отварањето за самиот проект, авторите и нивните филмови пригодна реч одржа проф. д-р Зоранчо Малинов, претседател на Македонското етнолошко друштво. КИЦ на Р.Македонија со овој проект учествува заедно со странските културно-информативни центри во Софија и Дирекцијата за култура на градот Софија кон одбележувањето на 9 мај – Денот на Европа.

Проектот, се состои од презентирање на четири репрезентативни етнолошки филмови од македонски автори, како и на два пократки филма со кои се заокружува едновековното документирање на етнолошки материјали на филмска лента од просторот на Р. Македонија.
Како вовед во проекцијата на македонските етнолошки филмови послужи краткиот филм (1 мин.), снимен од Милтон Манаки со наслов: “Училишен час на отворено“, снимен во првата деценија од XX век. Потоа беа прикажани четирите филма: “Таму некаде, горе во планината” (15 мин.) на Анита Ѓорѓиеска, “Писање на невестата” (15 мин.) на Владимир Јаневски, “Единство на етно-диверзитетот” (23 мин.) на Рубин Земон и “Бабарот што враќа кусур” (9 мин) на Владимир Боцев. На крајот следи краткиот филм (1 мин.) на Наде Геневска-Брачиќ, кустос во битолскиот музеј, со наслов: “Носијата во Битола во 1900 и 2007 година”, во кој на сликовит начин се претставени облеките во Битола пред еден век, во времето на Манаки и денес, во првата деценија од XXI век.
Самите автори на понудените етнолошки филмови се еминентни македонски етнолози кои имаат снимено по неколку филмови и имаат добиено неколку врвни награди на разни меѓународни фестивали на етнолошки филмови.

Македонско етнолошко друштво - Скопје, проект: Македонски етнолошки филм (фотографија)
Македонско етнолошко друштво - Скопје, проект: Македонски етнолошки филм (фотографија)
Македонско етнолошко друштво - Скопје, проект: Македонски етнолошки филм (фотографија)
Македонско етнолошко друштво - Скопје, проект: Македонски етнолошки филм (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.