КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Музичка Младина на Македонија, проект: Концертен настап на квартетот флејти "АУЛОС“

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, заедно со Музичка младина на Р. Македонија, во соработка со Дирекцијата за култура на градот Софија, на 16 септември се одржа концерт за четири флејти на групата "АУЛОС" од Скопје, во Софиската градска галерија. На програмата беа дела од Eugene Bozza, Serge Lancen, Jacgues Casterede и од македонскиот композитор и музичар Кокан Димушевски.

Камерниот ансамбл "АУЛОС" на музичката сцена опстојува неколку години постигнувајќи интересни и впечатливи резултати. Членовите на овој релативно млад состав се: Катерина Бачевска, Ангелина Катмерова, Александра Тевдовска и Марија Јакимовска. Овие талентирани млади музичари за своите настапи имаат добиено неколку награди од кои: 1-ва награда 2008 год. на Државниот натпревар во Р Македонија и 1-ва награда 2009 год. на Интернационалниот натпревар во Ваљево, Р. Србија. 
Покрај заедничките настапи членовите на овој состав настапуваат и самостојно на голем број концерти во земјата и странство.

Музичка Младина на Македонија, проект: Концертен настап на квартетот флејти "АУЛОС“ (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.