КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Национална галерија на Македонија, проект: Самостојна изложба на Јана Манева-Чупоска

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и Националната галерија на Македонија, на 16 декември во 18:00 часот, во просториите на КИЦ беше отворена изложба на современата македонска сликарка Јана Манева - Чупоска.

Јана Манева – Чупоска е родена 1970 година, во Скопје. Дипломирала сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, специјализирала сликарство во Париз и завршила постдипломски студии по сликарство и необично моделирање во стакло на Факултетот за уметност, архитектура и дизајн во Прага, а потоа и на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, каде се здобива со диплома Магистер по уметност. Од 1996 година таа е член на ДЛУМ, а од 2005 година и на Друштвото на модни дизајнери на Македонија. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор од неа, а исто така, има реализирано и повеќе самостојни изложби. Има остварено повеќе изведби и видео-арт проекти. Таа, исто така, се занимава и со фотографија и моден дизајн. Автор е на повеќе модни ревии, како и на уникатни модели за голем број македонски поп ѕвезди. Има изработено и модели за театарски и филмски проекти.
Денес работи во сопственото ателје за уметност и мода, но и како вонреден професор на Факултетот за уметност и дизајн при Европскиот Универзитет во Скопје.

Национална галерија на Македонија, проект: Самостојна изложба на Јана Манева-Чупоска (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.