КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Национална галерија на Македонија, проект: Самостојна изложба на Владимир Георгиевски

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и Националната галерија – Скопје, во соработка со Сојузот на бугарските ликовни уметници, на 9 септември во 18:00 часот, во галеријата на Сојузот на бугарските художници беше отворена изложба на современиот македонски сликар Владимир Георгиевски.

Владимир Георгиевски е роден 1942 година во Скопје, дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, Република Србија во 1968 година. Постдипломски студии завршил на истата Академија во 1970 година. Од 1983 до 2005 година работел како професор на Архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член е на ДЛУМ.
Автор е на над петнаесет самостојни изложби во земјата и странство, изложувал во Италија, Турција, Србија, Австрија итн. Со свои дела учествувал и на голем број групни изложби ширум светот. 
Владимир Георгиевски се вбројува меѓу најзначајните македонски современи уметници, сликар со големо, разнородно и значајно ликовно творештво карактеристично по неговата препознатлива особеност.

Национална галерија на Македонија, проект: Самостојна изложба на Владимир Георгиевски (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.