КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Национална галерија на Р. Македонија, проект: Вечер посветена на македонскиот сликар Киро Урдин, со проекција на филмот "Вода и оган"

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, во соработка со Националната галерија на Р. Македонија и Дирекцијата за култура на градот Софија, на 26 ноември 2009 година (четврток) во салата Надежда во Градската библиотека, во 18 часот беше одржана вечер посветена на македонскиот уметник Киро Урдин и неговиот документарен филм "Вода и оган".

Реномираниот македонски уметник Киро Урдин е роден 1945 година во Струмица, Република Македонија. Во 1969 година дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград. Во периодот 1973-1974 студирал на Academie des Arts Plastiques во Париз, Франција, а во 1977 година се здобива со диплома по режија на Академијата за филм, од Париз, Франција. Од 1984 година работи како независен сликар во различни земји. Од 2005 година е член на Македонската академија на науките и уметностите. Во својата творечка кариера има реализирано над 40 самостојни изложби ширум светот и над 30 групни претставувања.
"Вода и оган" е филм од богатото творештво на Киро Урдин и се однесува на подигање на еколошката свест во светот. Филмот кој датира од 2008 година и е продуциран од Осмоза продукција, е добитник на повеќе награди на значајни фестивали во светот.

Национална галерија на Р. Македонија, проект: Вечер посветена на македонскиот сликар Киро Урдин, со проекција на филмот "Вода и оган" (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30