КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

НИКЦ "Антон Панов" - Струмица, проект: Ликовна изложба на Александар Филев

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и НУ Центар за култура "Антон Панов" од Струмица на 30 јуни во 18:30 часот, во просториите на КИЦ беше отворена изложбата на современиот македонски сликар Александар Филев. Изложбата ја отвори директорот на Центарот за култура на Струмица Иван Јовев.

Александар Филев е роден во Струмица 1982 год. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски. Од 2001 год. е асистент во отвореното студио за современ мозаик во рамките на Струмичката ликовна колонија. Учесник е во изработката на монументалните мозаици во Пелинце, по повод 60 години од АСНОМ.
Филев учествува со свои дела на десетина групни изложби во Р. Македонија и странство. Негови дела се наоѓаат во многу приватни и државни институции: Меѓународната струмичка ликовна колонија, Музејот за современ мозаик во Bracciano – Италија, како и мозаици во повеќе сакрални објекти.

НИКЦ "Антон Панов" - Струмица, проект: Ликовна изложба на Александар Филев (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.