КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

НУ Национална галерија на Македонија, проект: Селекција од ретроспективната изложба на Решат Амети

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, во соработка со Националната галерија на P. Македонија, на 19 април во 18:00 часот, во Артгалеријата на НДК беше отворена изложба на современиот македонски сликар Решат Амети. Изложбата беше посветена на г-ѓа Доста Димовска, досегашен директор на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, за нејзината голем придонес во афирмацијата на македонската култура во Р. Бугарија. Г-ѓа Димовска, по кусо и тешко боледување, почина на 4 април 2011 година во Софија.

Решат Амети е роден на 16.05.1964 година во Гостивар. Дипломирал во 1988 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а постдипломски студии завршил на Факултетот за ликовна уметност во Приштина. Добитник е на повеќе награди и признанија: награда за сликарство "Лазар Личеноски“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија; награда "Saloni i Gjilanë“ на Друштвото на ликовните уметници од Гнилане, Косово; награда за "Дела со високо уметничко ниво во националното и меѓународното вреднување“ на Друштвото "Тирана“, Албанија; Форум "Veltoffen“, Виена; награда на Здружение на ликовните уметници на Македонија "Draudacum“; "Ноемвриска награда“ (2006 г.)
Амети е потпретседател на ДЛУМ, член на ЗЛУМ Гостивар, член на "Art Forum Weltoffen“, Виена. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор од неа, а исто така, има реализирано и повеќе самостојни изложби во: Њујорк, Нирнберг, Хамбург, Виена, Париз, Гронингем, Тирана, Призрен. Денес работи како визитинг-професор по сликарство на Интернационалниот универзитет во Нови Пазар.

НУ Национална галерија на Македонија  проект: селекција од ретроспективната изложба на Решат Амети (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31